Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП бара санкции против Грција и неодложно признавање на Македонија

Macedonian Flag Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада, 3 април, 2008 - И покрај огромната подршка за вклучување на Република Македонија во НАТО, Грција постави вето за македонскиот влез, заради нејзиното спротивставување со македонското уставно име.

Бесмислениот проблем со името е наметнат од Грција со намера да продолжи со својата стратегија на неприфаќање и гонење на нејзиното големото македонско малцинство.

Поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис за настаните од 1995 година го изјави следново: "Моја главна цел беше да ја убедам Република Македонија да се произнесе дека не постои славомакедонско малцинство во Грција. Тоа беше клучниот момент во нашите недоразбирања со Скопје".

Без оглед на грчките бесмислени забелешки, преку 120 држави, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Русија и Кина, ја имаат признато Македонија под нејзиното уставно име.

За иронијата да биде поголема, Грција бара ексклузивитет на името Македонија, а пред 1988 година грчкиот став беше дека Македонија не постои. Поради најавената независност на Република Македонија, грчкиот став се промени и 'Северна Грција' ја преименуваа во 'Провинција Македонија'. Грчката многудецениска политика на искоренување и насилна асимилација на македонското малцинство продолжи.

"Бидејќи Грција сериозно ја загрози стабилноста на регионот на сметка на својата националистичка агенда, меѓународната заедница мора да и укаже на последиците од нејзините расистички и ксенофобични потези," изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

ММДЧП ги бара следниве работи:

1. Членките на НАТО да воведат санкции против Грција
2. Македонија да ги прекине преговорите со Грција за прашањето со името
3. Неодложно меѓународно признавање на македонското уставно име

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.