Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 



ВИНОЖИТО, партнер на ММДЧП во борбата за човекови права, застана во одбрана на името Македонија

20 јануари, 2018

Отпечати ја страницата

Pavlos Filipov Voskopoulos Павле Воскопулос Филипов еден од водачите на Виножито, партијата на Македонците во Грција со спротивставен став на грчките претставници и функционери во Фејсбук статус вели дека наместо Mакедонија, Грција треба да го смени името на грчкиот регион Македонија.

За надминување на разликите околу името на нашата држава, Воскопулос предлага пет имиња за грчкиот регион Македонија:
1. Грчки географски регион
2. Географска грчка Македонија
3. Грчка Македонија
4. Грчка историска Македонија
5. Регион грчка Македонија.

„Во обидот да се најде компромис ќе беше праведно и конструктивно да се предложат имиња за географската област на Северна Грција за да има чиста и јасна разлика од РМ како што бара грчката страна”, пишува Воскопулос додавајќи дека Грција има два проблеми со името на Република Македонија.

„Со државноста, отсликана во македонштината на највисоко ниво во една организирана држава, каде македонскиот национален идентитет е на врвот – целосна еманципација преку независна држава, Република Македонија. Грчката компонента на грчкиот „мит национална историја“ е дека Македонија (регионот) е грчка земја, дека жителите се грчки народ… Со засилување преку македонските државни институции, во независната држава Република Македонија, се тресе грчкиот став-мит со децении создаван во Грција. Овој феномен (македонска држава на Балканот), мора да ја тера Грција во внатрешна реформа, кога станува збор за грчкиот национален идентитет, барем делумно, оти грчкиот е поврзан со македонската компонента развиена во оваа држава по 1913 година.

Постоењето на независна Република Македонија, просперитетна држава, носител на македонштината, ќе има индиректно влијание на македонското веќе полуасимилирано население во северна Грција. Логично е Македонците да бараат малцински права, што е кошмар за грчкиот естаблишмент. Ово беше речено на важната средба на политичките лидери во Грција на почетокот на ’90-те и првите чекори за независна Република Македонија.

Накратко опишувам ова е сржта на грчкиот проблем. Затоа Грција очајно пробува да ја спречи целосната македонска национална и државна еманципација, признавање и почитување на македонскиот национален идентитет, пишува Васкопулос.

На крај, Васкопулос, пишува дека Македонската дипломатија знае како треба особено пред странскиот фактор.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting