Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за јавност на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“:


Доста ни е од „кумови", Република Македонија си има име

17 јануари, 2018

Отпечати ја страницата

Vinozhito После 25 цели години разговори и консултации, забележуваме во последно време избувнување на театарот на апсурдот во врска со прашањето на името на Република Македонија.

Би сакале да потсетиме дека проблем со името на соседната земја има исклучиво нашата држава, додека над 140 земји – членки на Обединетите Нации го имаат признаено.

Нагласуваме исто така, по кој знае кој пат, дека вистинскиот проблем на Грција не е името на Република Македонија кое и сложено е и целосно се разликува од грчкиот дел на Македонија, но и демократски е избрано од граѓаните преку референдум во 1991 година.

Проблемот е тврдоглавното негирање на нашата земја да ја прифати реалноста и постоењето на современата македонска нација. Со други зборови, постоењето на етничкото македонско малцинство кое и покраи силните обиди на грчката држава во последните 100 и повеќе години, продолжува и ќе продолжува да живее во дел од грчката територија.

Кога нашата држава ќе го надмине „Рубиконот“ го признае етничкото македонско малцинство и му ги даде сите права кои сочинуваат нераскинлив дел од европските придобивки, тогаш и само тогаш ќе успее да смени страница, да погледне напред и да почне да соработува со Република Македонија и другите соседни земји врз основа на взаемен почит и искреност.

Канцеларијата за односи со јавност на ЕСА - Виножито


Релевантни текстови:

1во Писмо до Специјалниот посредник Метју Нимиц
2ро Писмо до Специјалниот посредник Метју Нимиц
3то Писмо до Специјалниот посредник Метју Нимиц



 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting