Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

„По плодовите ќе ги познаете“ - ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИЗАМ!


Весникот на Македонците во Бугарија, НАРОДНА ВОЛЈА, се заблагодарува на ММДЧП за непроценливата поддршка

31 декември, 2017

Отпечати ја страницата

Narodna Volja Ние, Македонците, многу често страдаме од патриотско празнословие. Големите зборови и планови немаат крај, како и критиките кон оние што работат. Ние од редакцискиот колегиум на „Народна волја“ тоа многу добро го знаеме. Го знаеме на свој грб. Критики колку сакате, а помошта е многу ретка. Патриоти на зборови има многу, но малкумина се оние кои се патриоти и по своите дела.

Такви ретки патриоти на дело се нашите сонародници од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Macedonian Human Rights Movement International – (MHRMI), во Канада, со претседател Бил Николов. Тие целосно го заслужија звањето пријатели и покровители на „Народна волја“.

Многу од нашите читатели не знаат за тревогите преживеани од редакцијата на весникот и дека без помошта на ММДЧП тој ќе сопреше уште пред три години. Веќе три години „Народна волја“ излегува скоро исклучиво благодарение на патриотизмот и дарежливоста на нашите пријатели од ММДЧП. За тоа им должиме благодарност не само ние во редакцијата и не само Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија – чиј единствен весник се јавува нашиот весник. Ним им должат благодарност и сите Македонци и патриоти по светот.

Можеме само да се надеваме за доброто на целиот македонски народ дека организации како ММДЧП ќе продолжат не само да постојат и да дејствуваат, но и дека ќе се прошируваат и засилуваат, добивајќи ја поддршката на сите Македонци!

Ја користиме можноста јавно да им се заблагодариме и да им посакаме многу успеси и среќа во следната 2018 г.!

Бидете се така пример за следење, инспирација и надеж на сите патриоти!

Редакциски колегиум на „Народна волја“.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting