Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП и АМКЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП го зголемија фондот од кој што се финансира одржувањето на часови за Македонски јазик во Солун, Егејска Македонија

20 октомври, 2012

Read this page in English

Print this page
Macedonian Language Classes Торонто, Солун и Мелбурн - ММДЧП и АМКЧП со задоволство информираат дека го зголемуваат фондот од кој што се финансира организирањето на часови за Македонски јазик во Солун, Егејска Македонија. Напоредно со тоа, предвидено е и отворање на повеќе паралелки во различни градови и села низ Егејска Македонија. Часовите се одржуваат во организација на Виножито и таа е единствената организација која организира изучување на македонски јазик во Грција.

"Без помош на ММДЧП и АМКЧП, одржувањето на овие часови по македонскиот јазик не би било можно. Овие две организации повеќе од две децении финансиски го помагаат движењето за човекови права на Македонците и со тоа ги поттикнуваат Македонците во балканските држави да ги бараат своите права", изјави Димитри Иоану (Јованов), член на „Виножито“ и Уредник на „Нова зора“.

Доколку сакате да дадете придонес и да помогне да се обезбеди опстојување и развој во изучувањето на македонскиот јазик во Грција, ве молиме да се приклучите во
Фонд на ММДЧП за човекови права или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.

Дадете ја вашата поддршка за остварување на македонските човекови права со пристапување во Фонд на ММДЧП за човекови права или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. Вашaтa донација директно ќе се употреби за финансирање на значајни активности поврзани со остварување на човековите права на Македонците на Балканот.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting