Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

НОВА ЗОРА, АМКЧП и ММДЧП - Соопштение за медиумите



Една година од првиот број на НОВА ЗОРА

4 мај, 2011

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Нова зора Солун, Торонто и Мелбурн (4 мај, 2011) - Редакцијата на Нова зора, про-македонски месечник кој што излегува во Грција, заедно со Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со гордост ја одбележуваат првата годишница од излегувањето на првиот број на Нова зора.

Во текот на изминатите дванаесет месеци, АМКЧП и ММДЧП имаа тесна соработка со уредничкиот тим на весникот, со што секој месец се обезбедуваше успешно печатење и дистрибуција на весникот во Егејска Македонија. За да го одбележи овој историски настан, редакцијата на Нова зора вчера го издаде следново соопштение:

Една година НОВА ЗОРА. Една година, редовни издавања, 250.000 копии, илјадници посети во вебстраницата
www.novazora.gr. Една година полна со оцрнување на целиот обид и на нашите лица, полна со закани, полна со обиди за исчезнување на весникот. Но уште по полна со прифаќањето од страна на Македонците и општо демократи Грци, уште по полна со учеството во целиот процес на голем број луѓе, преку совети, делење на весникот, помош, материјал за изданиета. Полна исто така со охрабрувачки зборови за да го продолжиме овој обид. Големо и надежно присуството и учеството на младината. Светла порака за иднината. Една година, каде се појави малку светло во темницата, која државата и парадржавата прави се да ја одржи. Темница околу информирањето на Македонци за политичките, актуелните, историските, културните, човечките прашања, поврзани со нив.

Ние Македонците сме тука. И продолжуваме!


ММДЧП и АМКЧП ќе продолжат да ја поддржуваат Нова зора следната година и годините после тоа, а воедно и ги поттикнуваат Македонците во целиот свет да дадат поддршка, како морална, така и финансиска.

Издавачкиот тим на Нова Зора, во соработка со АМКЧП и ММДЧП.

###

Нова Зора е про-македонски месечник кој излегува во Солун, Егејска Македонија, Грција. http://www.novazora.gr/.

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја
www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на macedonian_rights@hotmail.com или преку +61 3 93298960.
 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting