Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Преставници од “Виножито“ и ОМО “Илинден“ - ПИРИН во посета на Австралија

26 март, 2009

Отпечати ја страницата

Triple Z Стојко Стојков, член на раководството на ОМО “Илинден“ - ПИРИН, изјавил дека не е далеку времето кога Бугарија сама ќе побара регистрирање на политичката партија затоа што непризнавањето им се враќа како “бумеранг“ врз нивниот “демократски систем“. Свеста кај Македонците во Бугарија е чиста македонска и сплотувањето е на многу високо ниво. Митот на Бугарија дека Македонците се Бугари одамна е урнат во Пиринска Македонија.

Стојков ова го кажал за македонската радио програма “Трипл Зет“, во Австралија.

“Посетата на овие врвни македонски активисти за човекови права во Грција и Бугарија е од исклучителна важност за Македонија и македонскиот народ воопшто, бидејќи се наоѓаме во едно мошне тешко историско време кога треба да се докажуваме пред светот дали постоиме или не’, рече Парисис за македонската радио програма “Трипл Зет“.

Димитри Јоану, најмладиот активист, и’ порача на Македонската заедница да не се дозволи доброволно асимилирање на младите Македонци во Австралија.

“Во Грција издржавме секакви тортури и не се асимилиравме, а во Австралија не смее да Македонците да си дозволат “луксуз” и да ги заборават јазикот, културата, обичаите, религијата односно македонскиот идентитет“, рече Јоану за македонската радио програма “Трипл Зет“, која ја води Ицо Најдоски.

Во организација на Австралиско-Македонскиот Комитет за човекови права вчера во Австралија допатувале претставниците на македонската политичка партија во Грција “Виножито“ и ОМО “Илинден“ - ПИРИН од Пиринска Македонија, односно Бугарија. Во посета на Македонската заедница од Австралија се Атанас Парисис, Димитри Јоану и Стојко Стојков.

Делегацијата ќе оствари бројни средби со македонски организации, а во ќе има и отворен состанок каде што ќе се разговара за состојбата на македонскиот народ.

Извор: „Нетпрес“

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting