Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП и АМКЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП ја поздравуваат престојната контрола на архивите на грчките човекови права од страна на ОН

22 јули, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Committee on the Elimination of Racial Discrimination Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - ММДЧП и АМКЧП ја поздравуваат престојната контрола која што ќе се спроведе од страна на Комитетот за елиминација на расната дискриминација при Обединетите Нации (UN CERD), а која што се однесува на грчкото придржување (или непридржување) кон принципите на Меѓународната конвенција за прекин на сите облици на расна дискриминација (ICERD). Ова треба да се спроведе од 10-11 август, во Женева - Швајцарија.

Грчкиот хелсиншки комитет (GHM) и Групата за малцински права - Грција (MRG-G) ќе претстават детални извештаи за кршење на човековите права против Македонците и останатите малцинства во Грција. Тие веќе испратија еден заеднички извештај кој што е достапен на веб страната на Комитетот:
http://www2.ohchr.org/english/bodies/cerd/docs/ngos/GHM_Greece75.doc.

Како што е вообичаено, тие ќе презентираат ажурирани извештаи, вклучувајќи ја ослободителната пресуда за нео-нацистичкиот автор Костас Плеврис и непреземањето на мерки против расистичките говори и напади кон Македонците и останатите малцинства, непризнавањето и ограничувањето на употреба на македонскиот јазик, недозволениот медиумски бојкот и нерегуларностите во изборната кампања на партијата Виножито, како и ставањето на црни листи на македонски политички бегалци и на активисти за човекови права.

ММДЧП и АМКЧП ги повикуваат Македонците до нивните организации да ги пријавуваат сите случаи на дискриминација од страна на граничните служби кога се обидуваат да влезат во Грција, за да можат тие информации да бидат презентирани во извештаите до Комитетот за елиминација на расната дискриминација при ОН.

"Тоа е извонредна прилика да им се презентира на ОН непријателскиот амбиент со кој што во Грција се соочуваат претставниците на македонското, турското и ромското малцинство, како и активистите за човекови права," изјави портпаролот на Грчкиот хелсиншки комитет, Панајот Димитрас. "По барањето од независниот експерт за малцински прашања при Обединетите Нации, Геј МекДугал, до Грција, за конечно да го признае постоењето на македонското и турското малцинство во својата земја и да ги почитува правата на Ромите, се надеваме и очекуваме дека и од UN CERD ќе следат исти пораки. Исто така, задоволни сме и поради тоа што Комитетот одлучи да го покрене прашањето во однос на отсуство на ефикасно процесирање на говор на омраза против малцинствата и мигрантите и јавно постоење на нео-нацистички групи, што претставува бесрамно кршење на принципите на Меѓународната конвенција за прекин на сите облици на расна дискриминација (ICERD)."

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting