Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Во Европскиот Парламент се одржа успешна меѓународна панел-расправа за малцинствата во Грција

21 април, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Европски парламент Македонското и турското малцинство во Грција непризнаени и игнорирани

Лерин - 21 април, 2008 - Во четврток, 17 Април 2008, во Европскиот Парламент се одржа меѓународна панел-расправа на тема „Игнорираните малцинства во Грција: Турците од западна Тракија и Македонците“. Конференцијата беше посетена од голем број луѓе и доби значителен публицитет во медиумите во деновите пред нејзиното одржување.

Со конференцијата претседаваше г-инот Ханс Хајнрих Хансен, претседател на Федеративната Унија на европските нации (FUEN).

По воведните говори на г-ѓата Нели Маес, претседател на Европската Слободна Алијанса- Европска Политичка Партија, г-инот Халит Хабипоглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија (ABTTF) и г-инот Петрос Казиас, член на Централниот Совет на Европската Слободна Алијанса – Виножито, се одржаа следните предавања:

Г-ѓата Кинга Гал, европратеничка, заменик -претседавачка на Подкомитетот за човекови права, говореше за заштитата на малцинствата во Европа.

Проф. Д-р Ас. Халим Кавусоглу говореше за турското малцинство во Западна Тракија и жртвите на членот 19 од грчкиот граѓански код.

Г-инот Петрос Казиас од Европската Слободна Алијанса- Виножито одржа говор за македонското етничко малцинство во Грција.

Беше прочитана изјава од страна на европарламентарецот Ласло Токес во која тој предлага да ја преземе улогата на медијатор помеѓу претставниците на двете малцинства и грчката влада.

Г-инот Панајот Димитрас од Грчкиот Хелсиншки Монитор одржа предавање за толеранцијата на нетолеранцијата во однос на малцинствата во Грција.

Во своето излагање г-инот Борис Цилевич ги опфати стандардите на Европскиот совет и малцинствата во Грција.

По предавањата следеше интересна расправа во која беа изразени различни мислења и ставови.
Европската Слободна Алијанса- Виножито го изразува своето жалење што некои од присутните се обидоа да манипулираат со настанот заради свои лични политички цели.

Европската Слободна Алијанса- Виножито изразува големо задоволство што панел-расправата беше посетена од голем број европарламентарци, како и од претставникот на Постојаното Претставништво на Грција во Европската Унија.

Европската Слободна Алијанса- Виножито повторно ја повикува грчката влада да започне дијалог со претставниците на македонското и турското малцинство за дискусија на сите неразрешени прашања.

Конференцијата беше затворена со завршниот збор на Микел Ирухо Амезага, европарламентарец од Партијата на Зелените/Европската Слободна Алијанса.

Европската Слободна Алијанса- Виножито би сакала да му се заблагодари на г-инот Амезага и на неговите соработници за вложениот труд во организацијата на конеференцијата.

Канцеларија за печат на
ЕСА-Виножито

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting