
Грција реагираше поради употреба на уставното име на Република Македонија на заседанието на Генералното собрание на ОН со кое претседава
македонскиот претставник Срѓан Керим.
Претседавачот Керим му даде збор на шефот на државата Бранко Црвенковски, претставувајќи го како претседател на Република Македонија што
предизвика остра реакција на грчкиот претставник во Обединетите нации (ОН), пренесуваат западните агенции.
“Барам, господине Претседателе, соодветното име – Поранешна Југословенска Република Македонија – да се употребува за сите потреби во рамки
на Обединетите нации“, реагираше грчкиот амбасадор Џон Мурикис пред Генералното собрание.
Претседавачот Керим, пак, посочи дека “е свесен за овие факти“ но оти треба “да го почитува дигнитетот на секоја членка на ООН“.
“Истовремено, како претседател на Генералното собрание, треба да покажам целосна почит кој дигнитетот на секоја држава-членка на ООН,
вклучувајќи ја и мојата“, рече Керим.
Претседателот Црвенковски го заврши своето обраќање посочувајќи дека „името на мојата земја отсекогаш било Република Македонија и засекогаш
ќе остане“.
Грчкото Министерство за надворешни работи вчера преку соопштение реагираше дека Керим делувал “според инструкции на својата Влада“, со што
“непоправливо му наштетил на својот мандат и кредибилитетот на претседавач со Генералното собрание“.
Кликни на сликата за видео запис!
|