Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
 
 


Македонците-бегалци од Граѓанската војна во Грција
на днeвен ред во Советот на Европа


17 октомври, 2007

Извор

Отпечати ја страницата

За отворањето на прашањето со бегалците најзаслужна е партијата Виножито - Европска слободна алијанса

Тони Гламчевски - Утрински Весник

СТРАЗБУР - Грчкиот пратеник од редовите на Нова Демократија, Милтијадис Варвициотис, сигурно не беше сериозен кога се заложи за изработка на извештај за ситуацијата на Македонците-бегалци од Граѓанската војна во Грција. Ова произлезе во рамките на расправата околу извештајот за ситуацијата со бегалците од Југоисточна Европа, која се водеше пред неколку месеци во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Тогаш група парламентарци побараа Грција набрзо да ги измени Законот за амнестија бр. 106841 од 1982 година и Законот за враќање на имотите бр. 1540 од 1985 година, со што ќе и' се стави крај на дискриминацијата која произлегува од нив, бидејќи овие закони ги изземаат лицата кои не се Грци по род. Грчката влада ги смета за Грци само оние кои се Грци од етничка гледна точка. Додека другите, меѓу кои и Македонците, се' уште се лишени од предностите што ги даваат овие два закона (враќање на државјанството и на имотите на бегалците од Граѓанската војна). Резолуцијата не беше изменета, но европските парламентарци не се откажаа од иницијативата, тие се обратија со пратеничко прашање до Комитетот на министрите на СЕ. Белгискиот социјалист Герт Ламберт побара мислење од извршниот орган на најстарата паневропска организација дали Грција треба да ги преиспита законите со кои Македонците-бегалци од Граѓанската војна во Грција се изложени на дискриминација.

Расправата што се водеше минатата недела во Стразбур беше мачна и повеќе со процедурален карактер отколку што се однесуваше на самата содржина на прашањето и проблемот што го отвора тоа. Грчкиот амбасадор во Советот на Европа побарал да не се разговара за прашањето, аргументирајќи дека тоа прашање е дел од историјата и дека нема потреба ваква точка да се најде на дневниот ред на Комитетот, со оглед дека станува збор за внатрешно прашање на земјата.

На ова се спротивставил претставникот на Република Македонија при СЕ, повикувајќи се на правилникот за работа на Комитетот на министрите и на принципите и вредностите што ги брани Советот на Европа, односно почитување на фундаменталните човекови права. „Врз основа на нашата аргументација, која беше предочена во повеќето наши интервенции на седницата, Комитетот на министрите го испочитува својот деловник и ги прифати нашите аргументи, со тоа што одобри подготовка на текст со кој треба да се согласат двете страни, ни изјави амбасадорот на Република Македонија при СЕ“, Елеонора Петрова-Митевска.

Позицијата на Македонија во Стразбур била поддржана од неколку земји-членки на ЕУ кои не можат да ги затворат очите пред фактот дека и еден од независните органи на Советот, Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ), во извештајот посветен на Грција од 2004 го има забележано проблемот со дискриминацијата на Македонците.

Претставниците на владите на 47 земји-членки на СЕ наскоро повторно ќе расправаат за тоа дали грчките власти треба да ги преиспитаат законите и правната регулатива за да и' се стави крај на дискриминацијата на која се изложени Македонците-бегалци од Граѓанската војна во Грција, во согласност со принципите на недискриминација врз кои е втемелен СЕ. Во изработката на текстот, покрај Секретаријатот на СЕ, ќе бидат вклучени и двете страни, Грција и Македонија. Ова е голем напредок во запознавањето на европската и светската јавност со судбината на илјадниците Македонци-бегалци од Граѓанската војна во Грција. Прашањето долго време беше игнорирано од југословенските и македонските власти поради други интереси во тогашните геополитички односи со нашиот јужен сосед, а денес тоа прашање е интернационализирано. Тоа повеќе не е еден од проблемите што ги има Република Македонија со Република Грција, при што за разлика од ирационалниот проблем со името, во овој случај станува збор за конкретен проблем со меѓународен карактер. Многу од овие бегалци сега се странски државјани, иако можеби најголемиот број од нив живеат во Република Македонија.

Интернационализацијата на прашањето со бегалците се должи најмногу на активностите на политичката партија Виножито - Европска слободна алијанса, која ги застапува интересите на македонското малцинство во Грција. По неколкуте посети на Стразбур од страна на активистите на Виножито, најпрво беше поведена парламентарна иницијатива за изработка на извештај за кршењето на човековите права на македонското етничко и јазично малцинство во Северна Грција, со давање можност на нивните претставници да сведочат пред ПС на СЕ.

При изработката на текстот, Секретаријатот сигурно дека сериозно ќе ги разгледа спорните грчки закони. Советот на Европа не ќе може да затвори очи пред факти што се против неговите принципи - почитувањата на човековите права. Или како што рече шведскиот пратеник Горан Линдбланд на говорницата на ПС на СЕ: „Mакедонците-бегалци од Грција се бегалци од многу, многу одамна. Ние мислиме дека, исто така, треба да се бориме и за правата на овие бегалци и да вршиме притисок врз грчката влада“.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting