Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОМО "Илинден" - ПИРИН реагира на изјавата на Калфин

11 декември, 2007

Отпечати ја страницата

Ивајло Калфин Македонија не се меша во внатрешните работи на Бугарија туку бара само имплементација на одлуката на судот за човекови права во Стразбур според која ОМО "Илинден" - ПИРИН треба да биде регистрирана како политичка партија – реагира Елеонора Петрова македонската амбасадорка во Советот на Европа по вчерашната изјава на бугарскиот министер за надворешни работи Калфин кој од Брисел и порача на Македонија да не се меша во внатрешни прашања на Бугарија со поставување на прашањето пред комитетот на министри во Стразбур.

Поранешниот амбасадор во Советот на Европа Зашов тврди дека е сосема легитимно македонскиот амбасадор во Советот на Европа на седниците на комитетот на министри да дискутира за прашањето за регистрација на ОМО "Илинден" - ПИРИН и дека на тој начин не се меша во внатрешните работи на Бугарија.

На изјавата на бугарскиот министер Калфин реагира и ОМО "Илинден" - ПИРИН и велат дека не му е првпат да се обиде прашањето кое е меѓународно и се однесува на човековите права да го симне во билатерални рамки меѓу Македонија и Бугарија.

Комитетот на министри во Стразбур на седниците и во февруари и во јуни годинава побара од Бугарија целосно исполнување на пресудата на судот за човекови права и враќање на одземената регистрација на ОМО "Илинден" - ПИРИН. Бугарија се правда дека со платената парична отштета ја исполнила обврската. Неуспешно завршија и двата нови обида на организацијата на Македонците да се регистрира во бугарските судови – последен пат беше одбиена пред два месеца.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting