Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
 
 


ГРЧКИ ХЕЛСИНШКИ МОНИТОР
Адреса: P.O. Box 60820, GR-15304 Glyka Nera
Телефон: (+30) 2103472259 - Факс: (+30) 2106018760

Е-маил: office@greekhelsinki.gr - Вебсајт: http://cm.greekhelsinki.gr/


МЕДИУМСКИ ИЗВЕШТАЈ

Интервју на Димитрас во македонскиот дневен весник “Дневник“
за човековите права во Грција


23 април, 2007

Read this page in English

Извор

Отпечати ја страницата

Грција е меѓународно позната како една од земјите-членки на ЕУ што имаат големи проблеми со човековите права. Тие се изнесуваат во долги листи со забелешки од експертски тела за човекови права во ОН и во Советот на Европа. Најголемиот проблем е што грчките власти практикуваат „негирање“. Тие се единствените во ЕУ, а и во ОБСЕ, што не признаваат дека земјата, како и сите други, се соочува со проблеми во врска со човековите права, истакнува во интервју за „Дневник“ Панајот Димитрас, претседател на Грчкиот хелсиншки монитор. Тој е еден од ретките храбри поединци што принципиелно застанаа во одбрана на човековите права кога во Грција се разгоруваше антимакедонската хистерија.

Интервју со Панајот Димитрас за македонскиот дневен весник “Дневник“ (Жана П. Божиновска)

Разговорот е направен на 15 април 2007

1. Грчката влада инсистира дека во земјата има само едно малцинство -муслиманите. Зошто властите во Атина стравуваат да ги признаат Македонците како малцинство и каков е вашиот коментар на официјалната политика?

Целиот свет, вклучувајќи ги институциите за човекови права на ОН и на Советот на Европа, како и сите меѓународни невладини организации инсистираат дека Грција мора официјално да ги признае сите групи што бараат статус на национално малцинство, значи и Македонците и Турците, вклучувајќи признавање на нивните здруженија. Ова е единствениот начин да се почитува меѓународниот принцип на самоидентификација, кој Грција го поддржува за грчките малцинства на Балканот. Во меѓународни рамки функционери на грчката надворешна политика неодамна тврдеа дека нема малцинство бидејќи има премалку луѓе што го зборуваат „словенскиот идиом“. Тие настојуваат да го игнорираат нивниот број и забораваат дека всушност грчкото малцинство во Турција брои помалку од 2.000 луѓе, а „Виножито“ на избори добива од 3.500 до 7.000 гласа. Грција изгледа се плаши да ги признае националните малцинства зашто смета (што е сосема погрешно) дека тоа можеби ќе го ослаби, дури и ќе го загрози грчкиот идентитет.

2. Постои ли врска помеѓу прашањето за името и непризнавањето на македонското малцинство?

Поранешниот премиер Константин Мицотакис во раните 90-ти години изјави дека главната причина за непризнавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име беше тоа што тој потег наскоро ќе ја присили Грција да признае македонско малцинство од оваа (грчка) страна на границата. Многу Грци веруваат дека името Македонија и' припаѓа ексклузивно на Грција. Тоа создаде екстремно тешка ситуација за решавање на „прашањето за името“, бидејќи секое име што го содржи зборот Македонија и' овозможува се' повеќе и повеќе признавање на земјата како Република Македонија, а тоа може да доведе до силна негативна реакција во грчката јавност, со оглед дека сите партии пред десет години ветија дека никогаш нема да се признае име со „Македонија“.

3. Каков е вашиот став за грчките граѓани што се сметаат себеси за Македонци и за нивната политичка партија?

Тие имаат право на тоа. „Виножито“, како и Домот на македонската култура имаат право да го штитат тоа право. Сите тие платија голема цена за инсистирањето на овие права. Од друга страна македонската заедница не ги засили нивните организации со доволна поддршка за да имаат поконзистентна и поефикасна заштита.

4. Ги почитуваат ли грчките власти правата на тие граѓани, со оглед на постојаните критики во извештаите на меѓународните организации и на Стејт департментот? Што мислите за овие извештаи, колку се тие реални?

Извештаите на Стејт департментот, особено кога во нив не се вклучени политичките аспекти на билатералните односи на американската администрација, се сеопфатни и корисни. Но, тоа се извештаи на експертски тела на ОН и на Советот на Европа за човекови права, кои мора да се почитуваат, бидејќи тоа е уставна обврска на Грција и на сите земји што ги ратификувале соодветните спогодби. Овие извештаи се многу реални, но грчките власти ги прават сите напори да ги скријат од грчката јавност или да ги презентираат ублажено за да создадат впечаток дека се поволни за Грција. Тоа значи дека не ги спроведуваат, па затоа во последните извештаи на експертските тела се вклучени и „жолти картони“ за Грција.

5. Колку Грчкиот хелсиншки монитор (ГХМ) како невладина организација има влијание врз официјалната политика на земјата?

За жал, најголемиот дел од влијанието на Грчкиот хелсиншки монитор е преку меѓународните организации, кои ги усвојуваат ставовите на ГХМ и сметаат дека Грција има обврска да задоволи барем некои од барањата на ОН и на Советот на Европа. Од друга страна, тоа е одговор на постојната домашна политика на денунцирање. Во стара демократија како Грција, работите треба да бидат поинакви отколку во земјите што редовно бараат совети од НВО и многу често ги почитуваат нивните разумни барања. Сепак, многу НВО-а не се „заштитнички“ ориентирани со оглед дека финансиски зависат од државата и се плашат да не го изгубат тоа ако се многу критички настроени. Ова е причината зошто пред два месеца грчката Влада уште еднаш јавно го нападна ГХМ и ја нарече единствена НВО со критички погледи, што, за жал, е точно.

6. Соработувате ли со Македонскиот хелсиншки комитет и за што?

Нашата соработка со Македонскиот хелсиншки комитет зависи од регионалните проекти на двете организации. Во минатото имаше многу такви проекти и имавме блиска соработка. Сега и тие и ние сме концентрирани на прашања за човековите права на домашната сцена и имаме малку време за прекугранични иницијативи. Исто така е вистина дека имавме силна соработка со неколку други НВО-а од Македонија во рамките на Меѓународната група за малцински права.

7. Каков е вашиот став за официјалната политика на македонските власти во однос на ова прашање, дали треба тие да прават нешто повеќе за Македонците во Северна Грција?

Македонските власти треба да ја почитуваат стратегијата на македонското малцинство во Грција, кое е во одбрана на правата во рамките на Грција, како и на ниво на ЕУ и на Советот на Европа, без каква било улога на македонската држава во тоа. Спротивно со ова е улогата што ја игра Грција во заштита на грчките малцински права во Албанија и во Турција или улогата на Турција во заштита на турските малцински права во Грција. Исто така, организациите на егејските Македонци надвор од Грција не треба да даваат изјави што не ги заштитуваат македонските малцински права, а вистина е дека најчесто е така.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting