Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП ја осудува бугарската расистичка репортажа за
конгресот на македонската партија


28 јуни, 2006

Read this page in English


Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Бугарски политичари и бугарските медиуми направија голема галама по конгресот на Македонската политичка партија “ОМО Илинден Пирин“. Партијата побара македонскиот јазик да биде предаван во училишта и да бидат емитувани на македонски вести на бугарската државна телевизија. На нивната интернет страна, информативната агенција Фокус го нарече ова ’Скандал на денот’ и изјави:

“Бугарските политичари, јавните лица и лингвистите се согласија со тезата дека не постои македонски јазик и дека е тоа само дијалект на бугарскиот јазик. Претседателот на Комитетот за заштита од дискриминација, Кемал Ејуп изјави дека “ОМО Илинден ПИРИН“ може да бара македонскиот јазик да биде предаван во училиштата само ако докажат дека се малцинство.”

Понатаму, Фокус истакна дека:

“Претседателот на парламентарната Комисија за Граѓанско општество и медиуми, Иво Атанасов изјави дека со барањето се има намера да се наметне теза дека постои македонско малцинство во Бугарија. Од друга страна, мислењето на историчарот Пантелеј Пантев беше дека “ОМО Илинден ПИРИН“ носи културна, лингвистична, и етничка корозија во Бугарија.”

Македонците во Бугарија често се соочуваат со дискриминации и закани кога си го истакнуваат својот ентички Македонски идентитет. Како држава која се спрема да влезе во Европската Унија, Бугарија мора да ги почитува правата на своите малцинства и да престане со своите државно-спонзорирани дела на репресија.

ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, да изврши притисок врз Бугарија да го признае големото македонско малцинство и да им ги даде сите права кои се загарантирани од страна на меѓународните конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да го услови влезот на Бугарија во Унијата и да не ја прима додека не сго признае македонското малцинство.

Бил Николов, Претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Факс: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting