Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


МДЧПК - Соопштение за медиумите

ЕКРИ имаше средба со македонските организации во Бугарија

Read this page in English

14 мај, 2003


На 7 мај 2003 година, во Софија, Бугарија, дејци на македонските организации од пиринскиот дел на Македонија имаа средба со Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ, интернет страна: www.coe.int/ecri)

ЕКРИ е независен надгледувачки механизам за човекови права, кој беше основан од страна на “Првата средба на претседатели на влади при Советот на Европа” (октомври 1993 година). Целта на ЕКРИ е да се бори против расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и нетолеранцијата на европски степен и на полето на заштита на човековите права. Во рамките на својот пристап од-држава-до-држава, ЕКРИ одблиску ја истражува сосотојбата во секоја земја членка на Советот на Европа, и по анализата составува предлози и препораки за тоа како проблемите околу расизмот и нетолеранцијата воочени во секоја поединечна држава може да се разрешат.

Како дел од својот трет круг на држава-до-држава извештаи, за време својата посета на Бугарија од 7-10 мај, 2003 година, ЕКРИ изрази желба за состанок со македонските организации. На состанокот, кој се оддржа во Информативниот и документационен центар на Советот на Европа (ул. Александар Жендов 5, БГ 1113, Софија), ЕКРИ беше претставен од г-дин Виталијано Еспосито, ЕКРИ член за Италија, г-дин Џозеф Војам, ЕКРИ член за Швајцарија, и г-ѓа Клаудија Скиоти, член на секретаријатот на ЕКРИ, во придружба на двојца преведувачи (француско-бугарски).

Делегацијата од македонските дејци беше составена од Иван Сингартиски, претседател на ОМО “Илинден” - ПИРИН, Ботјо Вангелов, претседател на ОМО Пирин, додека “Сонце”, здружението на исламизираните Македонци беше претставена од својот претседател, Дамјан Искренов и членот на одборот, Андон Искренов.

Македонските дејци ги запознаа претставниците на ЕКРИ со проблемите со кои Македонците се соочуваат во Бугарија, во однос на правото за организирање, здружување и бугарското одбивање да им го признаат на Македонците и другите етнички групи правото на малцински статус со своите посебни етникуми, јазици, култури и религии.

Драги Стојковски
Македонско движење за човекови права во Канада
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Fax: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting