Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Притисоци врз партијата на Македонците во Грција „Виножито“

10 декември, 2003


Извор: А1 Телевизија

Виножито единствената политичка партија на Македонците во Грција на два пати го одлагаше партискиот конгрес во градот Воден. Причина - притисоците и заканите од националистичките и ултрарадикалните грчки групи кон сопствениците на салите каде требало да се одржи конгресот на Виножито.

Најпрвин бил запален автомобилот на сопственикот на хотелот Ксенија, каде за 30. ноември бил закажан конгресот, а непознати сторители се обиделе и да го запалат хотелот. Конгресот бил презакажан за 7. декември за салата Александар Велики, но поради телефонски закани за напади во Воден бил откажан.

И двата конгресни дена грчките националисти протестирале во Воден.

„Околу 120-130 души дојдоа да протестираат во Воден, го повикуваа населението да им се приклучи но тоа не се случи“, вели Наце Парисис, член на „Виножито“

Претставници на европската слободна алијанса каде членка е Виножито, побарале од грчкиот премиер Костас Симитис и неговата влада да преземе соодветни безбедносни мерки, но тоа не се случило.

„Ниедна партија или асоцијација не ги осуди ваквите настани“, додаде Парисис.

Раководството на Виножито не се откажува од партискиот конгрес, а очекува и подршка и од институциите на република Македонија.

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting