Маѓепсаниот - и смртоносен - круг на „американската дипломатија“
Замислете ги САД како еден убиец (не би требало да ви биде тешко). Вујко Сем убива некого, доказите се силни, има мноштво на сведоци, тој го признава делото, а чинот дури е снимено и на видео. Но, на Вујко Сем нема да му се суди за убиство - наместо тоа ќе го слават како поборник за човекови права и демократија.
Ова е начинот на кој дејствува интервенционистичката и убиствена надворешна политика на САД, која невешто се прикрива како „американска дипломатија“.
Зошто САД не трпат последици за тоа што го прават? Затоа што обвинителството (светот) му дозволува на обвинетиот (САД) сам да ја спроведе истрагата за убиството што го извршил.
Американската дипломатија избира жртва, ја убива, бира свои сведоци, обвинува и осудува некој друг за злосторството, а потоа го слави американскиот интервенционизам и масовните убиства како „ширење демократија и човекови права преку американската дипломатија“.
Кругот:
Американската дипломатија избира земја да биде нејзина следна жртва, врши масовни убиства преку (едно или повеќе од овие средства): инвазија; војна; војна преку посредник; бомби/дронови; санкции; бунтови; државни удари; поттикнување на граѓанска војна. Потоа САД создава тим на сведоци, меѓу кои обично се: „граѓанските организации“ за да се даде привид на масовна јавна поддршка (сепак овие организации се целосно и јавно финансирани од САД); американските „аналитички центри“ кои објавуваат факти одобрени од Стејт Департментот; американските медиуми и локалните медиуми кои се или финансирани од Америка или се под притисок/закана од САД; самиот локален режим инсталиран од САД. Потоа се упатуваат обвинувања против [внесете го актуелниот непријател на САД] и тој непријател е осуден за злосторствата што ги извршиле САД, а потоа Западот го слави американскиот интервенционизам и масовните убиства како „американската дипломатија што шири демократија и човекови права“.
Тука би важела и аналогијата на пожарникар кој подметнува пожар, а потоа го гасне за да биде славен како „херој“, но САД продолжуваат да долеваат гориво (или фрлаат бомби...види погоре) врз огнот за да предизвикаат најголема можна штета.
Покрај масовните убиства, САД користат и други тактики за да се осигураат дека граѓаните на земја - жртва ќе бидат лишени од најосновните човекови права - се со цел да ги постигнат своите надворешнополитички цели за воспоставување на американска хегемонија. Понекогаш овие тактики се движат на линијата меѓу масовни убиства и други методи.
Македонија и Македонците ги искусија сите овие средства.
По Втората светска војна, САД (и Британија) ги бомбардираа македонските цивили (вклучувајќи го и моето семејство) во Егејска Македонија (анектирана од Грција по поделбата на Македонија во 1913 година), и покрај тоа што цела Македонија беше сојузник во двете светски војни. Зошто? Со цел да им се помогне на грчките владејачки фашисти (поддржувачи на нацистите, а поддржани од британското кралско семејство) во нивната кампања да ги избришат Македонија и Македонците - затоа што тоа одговараше на надворешната политика на САД.
САД се надоврзаа на ова со децениска поддршка за нашите угнетувачи - вклучувајќи вооружување на терористи кои започнаа војна во Република Македонија - и со масовни напади врз нашиот етнички идентитет и независност во изминатите неколку години. САД ни ја соборија владата, инсталираа диктатор, брутално го потиснуваат секој израз на несогласување, наредуваат и овозможуваат физички напади, закани, уцени и апсење на Македонците низ целиот регион.
Зошто? За да ги задоволат нашите угнетувачи - кои сè уште сакаат да не искоренат - и за да ја внесат Македонија во НАТО (за што предуслов беше земјата насилно да биде преименувана, да ни се смени идентитетот и да се избрише нашата историја), а сето тоа заради потребите на хегемонијата на САД, се разбира.
Конкретно, станува збор за еден од омилените американски соучесници во нивните злосторства, Грција, која ги постави овие барања како услов да го крене ветото за приемот на Македонија во НАТО - кој ни беше наметнат од Западот. Па така САД решија „да стават крај на спорот за името на Македонија“ (читај: а се обидат да стават крај на Македонија), а во поддршка на својот „стратешки партнер“ Грција, и нејзиното новооткриено право на името „Македонија“.
Шокантната иронија е во тоа што Грција претходно го негираше постоењето на Македонија (која беше поделена во 1913 година меѓу Србија [сега неазвисната Република Македонија], Грција, Бугарија, и подоцна, Албанија). Грција остро се спротиставуваше дури и на употребата на зборот на „М“ и брутално работеше на тоа да ја избрише секоја трага од Македонија и од Македонците, вклучително и со масовни убиства, терор и протерувања. Одеднаш, во 1988 година, спротивно на секоја логика, Грција се дрзна да почне да го бара името Македонија за себе. Внимателно следејќи ги американските дипломатски учебници, Грција бараше Западот да ја прифати нивната нова пропагандна политика. Западот, секако, со задоволство го стори тоа.
Што можеа да сторат Соединетите Држави и нивните западни послушници за подобро да се справат со „спорот за името“? Тие можеа едноставно да повикаат било која меѓународна организација за заштита на човековите права, да го бранат правото на Македонија на самоопределување, и да ја прекорат Грција затоа што ги крши многу фалените „западни вредности“. Но не, американската дипломатија реши дека треба да му помогне на угнетувачот, не на угнетениот.
Во 1995 година поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис дури призна дека Грција го измислила таканаречениот „спор за името“ и дека тој нема ништо со македонското име, туку дека неговата единствена цел е да се прикрие грчката политика на негирање на постоењето на големото македонско малцинство во рамките на Грција и културолошкиот геноцид извршен врз него.
Но со таканаречениот „спор за името“ и следствените масовни кршења на човековите права беа оценети како „дипломатски спорови“ од страна на Западот, додека присилното менување на името, идентитетот и историјата на Македонија беа прогласени за „големи успеси“.
Американската дипломатија бараше нејзините анти-македонски постапки и постапките на нејзините стратешки партнери, кои вклучуваа масовни убиства, систематско кршење на човековите права и културолошки геноцид да се сметаат за лекција по демократија и човекови права.
Замислете еден убиец кој го извршува горенаведеното. Дали би ги одобриле неговите постапки? Не. Затоа, не ги одобрувајте многу поекстремните постапки извршени од САД.
Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
twitter.com/billnicholov