Macedonian Human Rights Movement International
MMDChP gi osuduva bugarskite provokacii i pritisoci za vreme na makedonski nastan
Соопштение за медиумите

ММДЧП ги осудува бугарските провокации и притисоци за време на македонски настан


Бугарските власти продолжуваат да ги кршат човековите права на Македонците и го задушуваат секој израз на македонски идентитет во Бугарија, со напади и тактики кои се неприфатливи за Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Бројот на инциденти драстично се зголеми како резултат на западната поддршка за анти-македонските барања на Бугарија (видете како Европската Унија официјално ги прифати бугарските ставови во рамките на „францускиот предлог“). Меѓу бугарските барања е следново: негирањето на постоењето на македонското малцинство во Бугарија; негирањето на македонскиот јазик, нација и културата во целина; прифаќање на бугарските ставови дека се што е македонско всушност и припаѓа на Бугарија; ревидирање на македонската историја со цел да се негира дека Бугарија била сојузничка на нацистичка Германија за време на Втората Светска Војна, ја окупирала Македонија и извршила ужасни воени злосторства против Македонците, вклучително и протерувањето на 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска; и барањето Бугарија да биде прогласена за „ослободител“, а не за окупатор на Македонија.

Во замена за бришењето на македонскиот идентитет, култура, историја и човекови права, Бугарија се обврза да го крене своето вето за членството на Македонија во Европската Унија. Западот продолжува упорно да се прави дека не ги гледа овие кршења на човековите права, а честопати е и директен соучесник во нивното извршување.

Вака организациите на македонското малцинство ги опишуваат настаните на 21 април 2024:

На 21 април, 2024 беше спроведен семакедонскиот собор во Мелник. И покрај прогнозите за лошо време присуствуваа стотици гости од цела Пиринска Македонија, Софија, Шумен, Република Македонија, Егејска Македонија.

За жал годинава властите применија сосема непотребен притисок и провокации.

Беа мобилизирани околу стотина униформени и цивилни полицајци – автобусите бе запирани дури и на 80 километри пред местото на соборот и сите лични карти беа земани, повеќето активисти и обични луѓе беа сликани од полицијата без никаква причина и одблиску. Не беа извршили ни наj мала провокациа.

Беше проверуван багажот на патниците за соборот и конфискувани знамињата на организациите организатори. Не беше дозволено да се развее ниту едно знаме и секој обид во таа насока беше спречуван и знамето конфискувано, а исто така и знамињата на Европската слободна алијанса.

Беа забранети исто така и транспаренти, а на еден човек дури му побараа да си го соблече џемперот зашто на него пишуваше „Ја сакам Македонија“. Еден автобус – два пати беше запиран и два пати беа земани за сликање личните карти.

Такви постови на полицијата имаше на Папаз Чаир, на Делчево, Мелник и во Рожен. На двете места за полагање цвекиња – на гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир имаше ненормално големо присуство на полиција, а исто беше и во Мелник. Беше направен обид за провокација од Фондацијата „Македония“ кои ги имаа покриено со бугарски знамиња гробот на Јане Сандански и неговиот споменик и го имаа ставено името на својата фондација.

Провокацијата е во тоа што се смета дека војводата е убиен по наредба на бугарската влада и во денот кога се чествува неговата смрт и кога никоја владина институција не поднесува венец со извинување, поставувањето на знамето можеше да провоцира некого да реагира и со тоа да се создаде инцидент.

Надежите на службите за безбедност и на Фондацијата „Македония“ во таа насока се изјаловија, зашто Македонците не се подадоа на провокацијата. Зачудувачки е што луѓе што тврдат дека се Бугари го користат државното знаме како вид на провокација.

Дополнително, бугарските власти искористија подметнати бугарски знамиња за да тврдат дека Македонците самиоте одбрале „да ги слават“и потоа (ненадејно и волшебно) самите „престанале“ да го слават своето македонско етничко потекло.

Бугарските анти-македонски поилтики се шират, и вклучуваат и обиди за бришење на Македонците во Албанија и Грција, со цел тие да бидат прогласени за „Бугари“.

Наместо што ги овозможуваат и поддржуваат овие политики (во некои случаи дури и ги предводат), Европската Унија, САД и Западот во целина би требало само да се придржуваат до огормниот број меѓународни конвенции за заштита на човековите права кои се напишани за да се гарантираат човековите права и Повелбата на основни права на Европската Унија (но тие не го прават тоа). Меѓу овие одредби е:

Оддел 3 - Еднаквост, член 21: недискриминација

1. Секаква дискриминација врз било која основа, дали е тоа пол, раса, боја, етничко или социјално потекло, генетски карактеристики, јазик, религија или верба, политичко и секакво друго мислење, членство во национално малцинство, имотна состојба, раѓање, попреченост, возраст или сексуална ориентација ќе бидат забранети.


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија