Macedonian Human Rights Movement International
Nikolov i Sterjovski se sretnale so Hedi Fraj shef na delegacijata na Kanada vo Parlamentarnoto sobranie na OBSE
Соопштение за медиумите

Николов и Стерјовски се сретнале со Хеди Фрај, шеф на делегацијата на Канада во Парламентарното собрание на ОБСЕ


Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, активист за човекови права на Македонците од Албанија, прв Македонец избран во Собранието на таа земја и претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) продолжија со нивните средби со канадски владини и надворешно-политички претставници. Николов и Стерјовски се сретнаа со доктор Хејди Фрај, директорка на делегацијата на Канада во Парламентарното Собрание на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа (ОБСЕ ПС) и специјална претставничка на ОБСЕ ПС за родови прашања, како и пратеничка со најдолг стаж во канадскиот Парламент, каде е актуелна претставничка на владејачката Либерална Партија.

Николов повика Канада да ја смени својата анти-македонска политика, спроведувана од Либералната Партија на Канада, а делегацијата на ПС на ОБСЕ на Канада да ги спроведе своите цели за „почитување на човековите права и основните слободи“ на Македонците. Николов истакна дека македонски жени, особено пратенички од опозициските партии и критичари на претходната власт, беа на удар на режимот на Зоран Заев, кој беше инсталиран од страна на САД.

На средбата, Николов објасни дека сме сведоци на драматичен пораст на анти-македонски постапки на Балканот, кои произлегуваат од принудното менување на името од страна на Грција, кое ни беше илегално наметнато од страна на Соединетите Држави и режимот на Заев кој САД го инсталираа во Македонија. Се вршеше масовно кршење на меѓународното право и македонските закони и човековите и граѓанските права и слободи со цел илегално да се наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“, кое беше измислено да се избрише македонскиот идентитет, култура и историја, во замена за кревање на грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО, кој ни беше наметнат од САД.

Западните земји, вклучително и Канада, ги поддржуваа грчките барања и им дадоа слобода на Грција Грција, Бугарија и Албанија да ги спроведат своите политики на негирање на македонскиот идентитет, и експоненцијално да го засилат кршењето на човековите права на Македонците. Бугарија ги интензивираше своите напади врз Македонците во Бугарија, вклучително, меѓу другото, со напад врз културниот центар во Горна Џумаја, активности на тајната полиција и апсење на учесници на македонски собири и со експлозијата на анти-македонски говор на омраза од страна на бугарските политичари и медиуми.

Понатаму, како што објасни Стерјовски, Бугарија ги проширува своите анти-македонски активности и во Албанија, каде бара - и добива - поддршка од албанската Влада во своето тврдење дека македонското малцинство во Албанија одеднаш станало „бугарско“. Ова се прави во замена за бугарска поддршка за приемот на Албанија во Европската Унија.

Како што истакна Стерјовски, Бугарија го злоупотребува своето членство во Европската Унија, и користи разни методи за да ги асимилира Македонците и да произведе „бугарско“ малцинство во Албанија. Таа поттикнува албански граѓани да извадат бугарски пасоши - за кои им наплаќа иљадници евра - со што ќе ги добијат привилегиите на државјанство во Европската Унија. Бугарија потоа овие луѓе ги прогласува за „етнички Бугари“.

Бугарија неодамна испрати високи претставници во Албанија кои отворено се мешаа и провоцираа со своите анти-македонски постапки, и извршија масовно мешање во пописот што Албанија го спроведе во 2023 година. При овој попис, двете земји се здружија со цел, за првпат во албанската историја, на еден попис Бугарите да се појават како малцинство. Сите малцинства во Албанија здружено го осудија пописот и побараа да се спроведе нов попис, со меѓународни набљудувачи.

Николов ги осуди двојните стандарди на Западот кој селективно ги применува мерките за заштита на човековите права и не само што ги изоставува Македонците, туку и намерно ги крши човековите права на Македонците.

ММДЧП и МАЕИ ја повикаа Канада да ги осуди Бугарија, Албанија и Грција за нивните анти-македонски постапки, да побара итно враќање на името на Македонија и да загарантира еднаков третман и заштита на човековите права на сите Македонци.


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија