Macedonian Human Rights Movement International
Action Alert link - Demand Resignation of Canadian MP Rob Oliphant for Using Anti-Macedonian Slur
Соопштение за медиумите

Повик за акција: барајте оставка од канадскиот пратеник Роб Олифант поради неговите анти-македонски навреди


Македонците од Канада бараат оставка од пратеникот Роб Олифант поради користење на навредлив израз
Посетете ја страницата mhrmi.org/act-now за да испратите порака до канадските пратеници и до медиумите. Во прилог е нашето соопштение до јавноста објавено на Globe Newswire. БАРАМЕ оставка од пратеникот Роб Олифант поради неговото користење на навредлив, анти-македонски израз. Македонците мора да бидат почитувани. НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА

Дали ќе реагиравте ако г-дин Олифант навредеше некоја попозната етничка група? Македонците од Канада бараат да бидат заштитени. Кој ќе ни се придружи во борбата за еднаквост? Олифант го употреби крајно навредливиот израз „Северноамакедонци“ за Македонците - овој израз е измислен со цел да се негираат нашето постоење и нашиот идентитет. Кога му укажавме колку тој израз е навредлив за нас, ни одговори „така ве признава Влада на Канада“. Не ни треба Владата да ни каже кои сме и што сме. Олифант потоа изнесе неверојатно тврдење, кое е дел од политиката на Либералната партија, дека ние Македонците самите сме одбрале да се откажеме од нашето име, идентитет и историја и сме го „прифатиле“ принудното преименување на Македонија - преименување кое ни е наметнато од нашите непријатели. Македонците дојдоа во Канада за да побегнат од прогоните на кои бевме изложени поради тоа што сме Македонци. Дали би помислиле да убедувате домородна група да прифати навредливи изрази затоа што за вас се „прифатливи“? Помогнете ни. Барајте оставка од г-дин Олифант. Отфрлете го принудното преименување. Нашето име е Македонија. Ви благодариме.

--- Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. ММДЧП бара да се почитуваат македонското име, идентитетот и човековите права на угнетените Македонци низ Балканот. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights, #НашетоИмеЕМакедонија