Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП со осуда за забраната за влез во Грција на свој активист и за грчката "црна листа" за Македонци

Документот за Манговски На Славко Манговски, Меѓународен координатор на ММДЧП и граѓанин со двојно државјанство (македонско и американско), на 24 октомври, 2016 година му беше забранет влез на граничниот премин Меџитлија / Негочани во Грција. Од страна на граничните служби му било соопштено дека тој е на "листата на непожелни" што е всушност грчка црна листа за македонски активисти за човекови права, без оглед што претходно беше тргнат од таа листа под притисок на локални организации за човекови права. Манговски беше ставен на таа црна листа откако беше гостин на гала банкетот организиран од Меѓународното македонско движење за човекови права на 1 јуни 2013 година во Торонто.

На претставници од американската амбасада во Атина, од страна на граничните служби им било речено дека кај нив нема евидентирано инцидент и покрај издадените официјални документи.
Документ 1
Документ 2
Документ 3

ММДЧП веднаш ги извести Стејт Департментот на САД и побара истрага за постојаното малтретирање на Македонци и на големото македонско малцинство од страна на Грција.

Во документите се употребува референцата ФИРОМ и на горниот дел има големо лого на ЕУ. ММДЧП не само што го осудува грчкото однесување, туку и ЕУ која дозволува нејзина членка да го негира и повредува правото на сопствено име, народност, идентитет, култура и јазик. ММДЧП бара од ЕУ:
• да ја принуди Грција да ја укине црната листа;
• да го осуди прогонот на Македонците;
• да ги стави во сила сите пресуди на Европскиот суд за човекови права;
• да го осуди спорот за името започнат од Грција;
• да ги натера своите членови да ги почитуваат конвенциите за човекови права за кои самата декларира дека се нејзини основни вредности.

Доколку тоа не го направи, таа само ќе покаже недостаток на заложба да ги спроведува своите идеали и дека продолжува да ги затвора очите за грчкото анти-македонско и анти-малцинско однесување и политика.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.