
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
И покрај забелешките, Фејсбук сепак дозволува антимакедонски говор на омраза на македонските страници

Македонците во Албанија, Бугарија, Грција и останатите балкански држави се соочуваат со секојдневна дискриминација, борејќи се да ги остварат своите човекови права. и да се борат за да се постигне своите човекови права. Дури и името Република Македонија е под постојан атак. Македонското меѓународно движење за човекови права се става во одбрана на угнетените Македонци и се залага да се стави крај на оваа дискриминација. Посетете ја нашата Фејсбук страница, на која што ќе се сретнете со бројните антимакедонски пораки и ќе ја доживеете омразата со која што секојдневно се соочуваат овие луѓе.
ММДЧП побара од Фејсбук да се овозможи отстранување на овие пораки и ги пријавивме луѓето кои што нив ги постираат. Ние се пожаливме, а Фејсбук не реагира. Треба ли да се објаснува зошто е ова омраза, или да се споредува тоа со многу попознати примери за расизам и ксенофобија? Не, тоа не е фер за Македонците или другите етнички групи кои се изложени на расизам. Омраза е омраза. Фејсбук, сменете ја вашата политика и извинете се.
Македонци и сите останати репресирани етнички групи, нека се слушне вашиот глас. Раширете ја оваа порака и барајте од Фејсбук да ги променат политиката и стандардите. www.facebook.com/mhrmi
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.