Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП го брани постоењето на македонската нација - Да, сега сме 2016-та година

The Hill Георгеа Полизос прави совршена презентација на нелогичната и неповрзана грчка позиција за македонското прашање во нејзиниот одговор на мојата колумна во The Hill. Но пред да се осврнам на техничката оправданост на г-ѓа Полизос, за тоа зошто е прифатливо да се дискриминираат некои заради нивното техничко потекло, таа врши фасцинантна поента која ја илустрира глупавоста на македонско-грчкиот спор за името. Повторувајќи ја грчката позиција дека сакаат Република Македонија да користи "сложено име за државата, кое што ќе се разликува од грчкиот и бугарскиот дел”, таа несакајќи се согласи со ставот кој што ММДЧП го има од самиот почеток, за вештачки создаден проблем. "Република" е фактор кој што ја нуди разликата, затоа што покажува државност. Проблемот со името би бил решен. Кризата избегната. А и Обединетите нации би можеле да го прават тоа што треба да се прави.

Со нејзиниот исказ, таа истовремено признава дека Македонија е поделена. Полизос спомнува "грчки и бугарски дел", осврнувајќи се на фактот дека Македонија била распарчена, што е општо познато и факт кој што го прифатија сите страни во спорот во кој што е вовлечена Македонија. Тоа се случи во 1913 година кога Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција, а еден мал дел во 1919 година и' припадна и на Албанија. Сите овие земји ја присвојуваат Македонија, а иронијата да биде поголема, се обидуваа (или продолжуваат да се обидуваат) да го искоренат нејзиното постоење. Значи, уште во 1988 година, кога Грција ја промени добро-познатата политика на одбивање да се признае постоењето на Македонија, Грција ја зафати меѓународно беснило тврдејќи дека "Македонија е грчка". Меѓутоа, Бугарија тврди дека Македонија е бугарска, Србија вели дека Македонија е српска, а Албанија, иако ги признава етничкото потекло и јазикот, таа и натаму бара дел од македонската територија. Па зошто тогаш треба да ја слушаме Грција? Не треба ли лажните информации од другите балкански држави да ги прифатиме сериозно? Или сепак единствено што можеме е да се придржуваме до здравиот разум, дека Македонија била, е и секогаш ќе биде Македонија.

Ако "Република" не е доволно добро решение, зошто тогаш поделените делови на Македонија да не ги нарекуваме со нивните имиња? Егејска Македонија за регионот во Грција и Пиринска Македонија за регионот во Бугарија. Овие термини се користат од страна на меѓународните организации за човекови права, во Советот на Европа, Обединетите Нации и ОБСЕ. Прифатливо за сите.

Да се вратиме на обидот на г-ѓа Полизос за оправданоста од користење на "FYROM”. Ова е во колизија со два очигледни факта, дека Македонија беше принудена да го прифати овој смешен акроним и дека "FYROM” се употребува за се негира етничката припадност на Македонците. Можеби и ние треба да почнеме да ги нарекуваме со било какво име, само не со нивното вистинско име, а и луѓето да ги нарекуваме "Атињани" како што тие Македонците ги нарекуваат "Скопјани". Ајде од Обединетите Нации да побараме да го одземат членството на Грција, се' додека тие не го сменат своето знаме и името. Предлагам "FOPOG” - Former Ottoman Province of Greece (Бивша Отоманска Провинција Грција). Ќе помине многу време додека ја видиме "Грција" да продефилира церемониите за свечено отворање на олимпијадите, позади буквата "F” како што е принудена и Македонија.

Г-ѓа Полизос вели дека треба да се обратам до Советот за безбедност на Обединетите Нации доколку се чувствувам навреден. Веќе направено. Уште пред две децении, а продолжува и денес. Полизос би требало да биде посоветувана добро да го истражи проблемот пред да застане во одбрана на лажната, расистичка и неоправдана грчка позиција. Таа споменува дека Македонија ја прекршила времената спогодба, иако Грција е таа која што всушност го прекрши договорот, обезбедувајќи осуда од "западот" кој што не дозволи влез на Македонија во НАТО, во 2008 година и го изгуби спорот во Меѓународниот суд за правда. Целата нејзина приказна е всушност грчки мит, како што се и нејзините тврдења дека сите стари митови биле грчки, што е далеку од вистината.

Полизос тврди дека барањето на Хилари Клинтон за Македонија да го смени своето име за да се задоволи Грција, земја на која што главна цел во надворешната политика е да се искорени постоењето на Македонија, не треба да се смета како навредлива за Македонците. Треба ли да се каже нешто повеќе? Не би требало, но јас сепак ќе кажам. Ако г-ѓа Полизос го разбрала тоа што јас го напишав, би и' станало јасно тоа дека "дури и да е нејасно (и необјасниво) зошто нешто е расистичко, доколку засегнатата група го смета тоа за расистичко - треба да се прифати како аксиома." Како и да е, таа го разбира тоа, но сака да го игнорира, слично како и бесмислените грчки аргументи во овој спор, произведени како метод за продолжување на угнетувањето врз било кој етникум кој што ќе застане во одбрана на сопствените човекови права.

Ја цитирав мојата оригинална колумна во два наврати и морав да ги повторам причините зошто треба да се прифати постоењето на мојата нација и мојот народ. Тажно. Особено во 2016 година. На застапниците на неоправданата грчка позиција никогаш не треба да им се дава еднакви можности и простор за да спинуваат со нивната официјална позиција во насока на негирање на Македонија и македонското етничко потекло, јазик и идентитет.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Торонто, Канада

www.mhrmi.org
416-850-7125


Media coverage:

• МИА
• МКД.мк
• a1ON
• Дневник
• ТВ Нова
• Вечер
• Сител ТВ