Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП бараат од Меѓународниот Олимписки Комитет јавно извинување заради непочитувањето кон Македонија

Меѓународен Олимписки Комитет Олимпиското гесло вели "Спортувањето е човеково право". Па исто е и со употребата на сопственото име на државата. Да спомнеме уште еднаш дека македонските спортисти беа принудувани да дефилираат на свечените отворања на олимпијадите позади буквата "F” што доаѓа од "Former Yugoslav Republic of Macedonia” (Бивша Југословенска Република Македонија). Во Рио беше буквата "E” (од "Ex”), во Сочи "Б” (од рускиот збор Бывший) и секако стандардното "F” во земјите од англиско говорно подрачје. Било која буква освен буквата "М" стана белег на МОК. Големината на таблата на која што пишува "Former Yugoslav Republic of Macedonia” на парадирањето на нациите го отсликува степенот до кој што се бламира МОК кога се соочува со грчкото спротивставување со македонското име.

Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права бараат итно и неодложно јавно извинување од МОК за бесрамното непочитување на Македонија и нејзините спортисти. МОК подлегна дури и на уште поголем грчки притисок, па на листата на држави наредени по азбучен ред на официјалниот вебсајт од Рио 2016, Македонија од M за "MKD" ја пресели на "T" од "The Former Yugoslav Republic of Macedonia”. Се разбира, едноставната употреба на "Македонија" или "Република Македонија" никогаш не е дозволена од страна на МОК.

И не само што бараме и очекуваме јавно извинување од МОК, туку мора да биде објавена и неодложна промена на ставот да се дозволи, токму така, "дозволи", Македонија да го има правото да го употребува сопственото име на олимпијадите. Во продолжение го повторуваме нашиот апел оваа 'фарса од преговори' спонзорирана од Обединетите нации веднаш да заврши и да се осуди како очигледен обид за искоренување на постоењето на Македонија и Македонците. Токму овие зборови беа повторувани одстрана на првиот посредник на ОН во спорот за името, Робин О'Нил, кој што се залага за крај на преговорите за името.

Грција веќе има признато дека вештачки го креирале овој спор како начин да може да се продолжи со негирање и гонење на големото македонско малцинство во нивната држава, кое што таа го наследи по поделбата на Македонија меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија, во почетокот на 20-тиот век. Дури и тоа дека Грција е таа која што се обидува да го присвои името Македонија, а не обратно како што некои тврдат.

Наместо прифаќање на ставот од политички-мотивираните Обединети Нации, како изговор за да не се ставаат во одбрана на човековите права и здравиот разум, МОК мора да преземе акција која што недвосмислено ќе покаже дека на романтизирањето и галењето кон Грција им е дојден крајот. Грција која што ја сметаат за родно место на модерните олимпијади, никогаш не постоела како ентитет или идеја во античката ера. Модерната грчка држава е формирана во 1830 година. МОК, ајде да му покажеш на светот дека нема веќе да го толерираш грчкото спротивставување со македонското име и Македонците.

Ја повикуваме олимписката заедница да покаже солидарност и да им се придружи на нашите барања за почитување и рамноправност. Правото на самоопределување е најосновното човеково право. Нашето име е Македонија. МОК, почитувај го тоа.

INTERNATIONAL OLYMPIC COMMITTEE
Chateau de Vidy 1007 Lausanne Switzerland
Tel. (+41 21) 621 61 11
Fax (+41 21) 621 62 16


www.twitter.com/Olympics
www.facebook.com/Olympics
www.olympic.org/ioc

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.