
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Дали САД некогаш постапиле исправно во нивната надворешна политика?

Земете го како пример дебаклот во спорот за името меѓу Македонија и Грција. Во интервју за Ен-Ен на 16 јануари, македонскиот премиер Никола Груевски изјави: "Грција не е подготвена да направи компромис... така што ние не сме во можност да го решиме ова прашање". Зарем некој и на крај памет би помислил да преговара за менување на името на државата? Но, благодарение на силниот притисок од страна на САД, секој македонски политичар го правел тоа уште од пред 20 години кога почнаа преговорите со посредство на Обединетите Нации.
Се наметнува прашање кој заслужува најмногу да биде обвинет? Дали Македонија која што преговара за сопственото име, дали САД кои што ја држат Македонија во заложништво и бараат да го смени името, или Грција која што фактички го создаде овој хаос? Доколку Македонија се повлече од преговорите за името, САД се заканија дека ќе ја откажат економската и воена поддршка, тврдејќи притоа дека на Македонија и' претстои опасност од избувнување на граѓанска војна со албанското малцинство во државата.
Каква корист би имале САД доколку Македонија го смени своето име? Освен што, се разбира, би продолжило задоволувањето на Грција во нивната перверзна романтична врска.
Митот за античка Грција беше создаден од Западот, како што беше модерна Грција во 1830 година и продолжува да овој ден. На Грција и беше дозволено бесрамно да лаже за својата економска положба и да влезе во еврозоната, предизвикувајќи опаѓање на глобалната економија да опаѓа, за потоа да добие огромна финансиска помош. Исто така, и' беше дозволено да го користи правото на вето за да го спречи влезот на Македонија во НАТО, и покрај тоа што сите други земји гласаа за прием на државата. Грција губи безброј случаи во Европскиот суд за човекови права, но нема никакви последици заради тоа што продолжува со прогонување на своите етнички малцинства. Грција беше првата земја после нацистичка Германија која што избра членови на нео-нацистичка партија во парламентот. И згора на тоа, беа избрани дури 21 член. Грција е најрасистичката земја во западниот свет, а сепак, и натаму ја третираат како "колевка на цивилизацијата" и "лулка на демократијата", во време кога дури и идејата за "Грција" како единствен субјект не постои.
Разгалувањето на Грција продолжува со бесмислените преговори за името. Поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис призна во 1995 година дека Грција го иницирал спорот за името како изговор за да може да го негира постоењето и да го прогонува големото македонско малцинство и македонскиот народ како целина. Грција го мами светот, заедно во тврдењето дека Македонија се обидува да го узурпира "историското грчко" име. Меѓутоа, се' до 1988 година, добро документираната политика на Грција беше дека Македонија не постои. Сепак, тој пресврт од 180 степени поминува без забелешки. Грција анектираше половина од територијата на Република Македонија по нејзината поделба во 1913 година и се обиде да го искорени нејзиното постоење, па уште и тврдеше дека македонската територија им припаѓа нив, а дека Македонци не постојат. Со тоа, всушност, Грција се обидува да го узурпира името на Македонија, но не дај Боже некој да изложи ваков пропаганден пресврт.
Наместо да висат "награди" за членство во НАТО и ЕУ ако Македонија го менува своето име, Западна Европа и САД, всушност, треба да ги практикуваат идеалите на основните човекови права што ги проповедаат и да и' дадат поддршка на Македонија да ги прекине преговорите за името. Особено земајќи во предвид дека огромно мнозинство од светот веќе ја призна Македонија со користење на вистинското име, вклучувајќи ги, се разбира, и САД.
Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.