Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Обединетите нации - Ширење лицемерие низ светот
Генералното собрание на ОН сигурно ја разбира иронијата во неодамнешниот избор на, од нив именуваната, "Поранешна Југословенска Република Македонија", за членка на Советот за човекови права на Обединетите нации за периодот 2014-2016. Со изборот на Македонија, Советот за човекови права на Обединетите нации добива земја-членка што не е во можност да го одбрани своето основно човеково право, правото на самоопределба, со продолжување на смешните преговори за името спонзорирани од ОН.
Како член на Советот за човекови права на Обединетите нации, од Македонија се очекува да помогне во "...зајакнување на промовирањето и заштитата на човековите права во целиот свет...", додека, истовремено многу земји-членки на ОН вршат силен притисок врз Македонија да стави крај на т.н. "спор за името" со Грција и да го смени своето име. Изобилство на хипокризија.
Во однос на овој проблем, ОН создаде хаос откако Македонија прогласи независност во 1991 година. Подлегнувајќи на притисокот од Грција, ОН овозможи влез на Македонија влез во оваа организација само доколку го смени своето знаме и доколку ја прифати т.н. "привремената референца" на "БЈРМ" или "Бивша Југословенска Република Македонија". Иако ова решение требаше наводно да се користи само во рамките на ОН, истото по инерција беше прифатено во речиси секоја друга меѓународна организација. Образложението беше дека секој договор во Обединетите Нации има приоритет.
Меѓународниот олимписки комитет, на пример, македонските спортисти во дефилеата ги става да маршираат помеѓу Финска и Франција, позади табла со називот FYROM (Поранешна Југословенска Република Македонија) и мавтајќи со извитоперени верзии на македонското знаме за да не се навредела Грција, земјата која се обидува да ја избрише Македонија од мапата. Нелогично е да се мисли дека македонските спортисти мечтаеле, еден ден, да одат на отворање на олимписките церемонии под буквата "Ф" и да ја претставуваат земјата "FYROM".
Кој сега прави поголем грев? Дали се тоа ОН и нејзините земји-членки од ЕУ поради притисокот врз Македонија да го промени своето име, иако огромното мнозинство од нив, вклучувајќи и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност во ОН, ја имаат признаено Македонија ословувајќи ја со вистинското име? Или поголем грев прави самата Македонија, која што прифаќа да преговара за своето име? Здравиот разум вели дека една од главните причина што Западот од Македонија бара да се согласи на "компромис" и да го промени своето име е токму поради тоа што прифаќа да продолжи да преговара. Самото учество на Македонија во преговорите покажува дека таа е подготвена за компромис.
Ќе беше многу подобро доколку Македонија досега преземеше офанзива во спорот за името, наместо да прифати постојано да се брани од глупите тврдења на Грција. Распространет е аргументот дека Македонија сака да се однесува дипломатски, додворувајќи му се на Западот. Па, има ли друга држава која што е подготвена да преговара за своето име како основа на толку ксенофобична глупост?
Грција тврди дека приговара за името на Македонија, бидејќи би настанала "забуна" меѓу Република Македонија и грчката провинција Македонија (која Грција ја анектираше по поделбата на Македонија во 1913 година). Ако е ова така, тогаш и белгиската провинција Луксембург би побарала Луксембург да го смени името, а и Џорџија (Georgia), сојузна држава во САД, би и' објавила војна на државата Грузија (Georgia).
Поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис призна во 1995 година дека Грција го иницираше "спорот за името" како изговор за да се продолжи со негирањето на опстојување на државата и со прогонството на големото македонско малцинство и македонскиот народ како целина. Тој квази-аргумент одеше напоредно со тврдењето дека Македонија се обидува да го узурпира името што и' припаѓа на "грчката историја". Иронично е тоа што Грција сега тврди дека "Македонија е грчка", иако не беше пред 1988 година кога Грција сфати дека независноста на Република Македонија станува неизбежна и ја преименува провинцијата "Северна Грција" во "Македонија". Пред тоа, политиката на Грција беше дека Македонија не постои.
Наместо и натаму да трошат време во обидот да посредува за решение на нерешливиот проблем, ОН, како и актуелниот посредник на ОН за спорот со името Метју Нимиц, треба да се прифати сугестијата на првиот посредник на ОН, Робин О'Нил и да се прекинат преговорите за името. Според г-дин О'Нил, "Македонија не смее и нема да го смени името, со цел да се смири Грција. Доколку Македонија подлегне на притисоците и го промени своето име, таквиот развој на настаните само ќе им даде повеќе сила и аргументи на Грција додека не ја оствари својата крајна цел - Македонија да исчезне од мапата."
Се разбира, Македонија не треба да седи и да чека Обединетите Нации да преземат акција. Таа мора да ги следи самопрогласените идеали на ОН и веднаш се повлече од бесмислени преговори за името.
Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.