
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП најостро ја осудуваат расистичката клевета од страна на амбасадорот на ЕУ

Терминот "славомакедонски" не е термин за самоидентификација и затоа е целосно отфрлен од Македонците во Република Македонија и пошироко. Освен што се смета за груб и навредлив, треба да се истакне дека таквиот израз се користел во минатото како термин за злоупотреба од страна на одредени држави каде што живееле и сеуште живеат Македонци.
ММДЧП и АМКЧП исто така, би сакале да го потсетат г-динот Орав дека употребата на "славомакедонски" е фундаментална противречност со основните принципи на Европската унија. На пример, членот 2 од Договорот за Европската унија започнува со напомена дека: "Унијата е основана на вредностите на почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права...", додека членот 22 од Повелбата за основните права на Европската унија нагласува дека: "Унијата ќе ги почитува културните, религиозните и јазичните разлики."
На искажаното незадоволство од страна на јавноста во Македониј, г-дин Орав во врска со неговата навредливи коментари, го одговори следново:". Јас настојував да употребувам јазик и изрази кои што ќе бидат разбирливи за присутните на состанокот... и немав никаква намера да навредам некого".
ММДЧП и АМКЧП сметаат дека е тешко да се поверува дека г-дин Орав не бил свесен дека употребата на изразот "Славо-Македонци" нема да предизвика негодување. Патем, доколку неговата намера не била да навреди некого, каква му била тогаш намерата? Дали можеби сакал Македонците да се одрекнат од правото на самоидентификување? Или можеби имал намера да ја прекрши Повелбата на ЕУ за основните права? Или со користење на "разбирлив јазик" едноставно имал желба да се додвори на одредени членови на Комитетот пред кои што се појавил?
Со оглед на фактот што, по забелешката за употреба на навредливиот израз "славомакедонски", г-дин Орав одби јавно да се извини, сега е должност на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, да го научи дека треба да го прави тоа. Воедно, г-дин Орав треба јавно да го потсетат на основните принципи на ЕУ, вклучително и почитувањето на правото на самоидентификација. Во иднина, тој етничките Македонци треба едноставно да ги ословува како Македонци.
Поради одбивањето на г-дин Орав јавно да се извини, Ештон има морална обврска да го отстрани од функцијата.
ММДЧП и АМКЧП и формално упатија протестни ноти до г-дин Орав и г-ѓа Ештон во врска со овој проблем и истовремено ги повикува сите Македонци да го направат истото:
Г-дин Аиво Орав
Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија
delegation-fyrmacedonia@eeas.europa.eu
Бароница Кетрин Ештон
Висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика
COMM-SPP-HRVP-ASHTON@ec.europa.eu
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.