Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП го осудуваат негирањето на македонскиот идентитет од страна на Албанија при спроведување на пописот

Попис во Албанија 2011 Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (6 октомври, 2011) - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права го осудуваат негирањето на македонскиот идентитет од страна на Албанија за време на спроведување на пописот.

Во регионот на Голо Брдо, одговорниот за инструкторите кои го спроведуваат пописот отворено изјави дека македонскиот јазик ќе биде исфрлен како одговор на прашањето на кој јазик се зборува дома. Ова подоцна беше потврдено и на теренот, а и други извештаи потврдуваат дека во пописните листови беа прескокнати прашањата 38 и 39 кои се однесуваат на јазикот што го зборуваат и на етничката припадност. "Се чувствуваме како загрозени видови, ние едноставно сме избришани", изјави Едмонд Османи, заменик-претседателот на МАЕИ.

Иако официјално е демантирано, албанската држава очигледно воведува ригорозна регионална малцинска политика. "Доколку го напуштите регионот, како на пример Преспа, автоматски го губите вашиот статус како Македонец и станувате Албанец", изјави Васил Стерјо, од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Во Македонија, од друга страна, албанското малцинство бесправно ја зголемува својата бројка, со намера да покаже дека бројот на етнички Албанци изнесува над 20% од вкупното население на Република Македонија, со што Албанците го задржуваат привилегираниот статус на етничките малцинства во Македонија. Теренските извештаи укажуваат на тоа дека се одржуваат два пописа: еден во деловите од Западна Македонија каде што живеат етнички Албанци и уште еден во остатокот од земјата. Во Западна Македонија, се спроведениметоди за идентификација во спротивност со меѓународните прописи.

ММДЧП и АМКЧП ја осудуваат албанската влада заради нејзиното спротивставување да ја измени праксата што ја спроведува врз своето малцинство и нејзинто одбивање да ја спроведува заедничката декларација потпишана од претставници на малцинствата во Албанија оваа година.

Ги повикуваме ЕУ, ОБСЕ и другите релевантни институции да прогласат невалидност на пописот во Албанија и големите неправилности во Македонија и да преземат чекори кои ќе обезбедат соодветна имплементација на пописот.

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.