Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП бараат од македонската влада да ги брани интересите на Република Македонија

Our Name is Macedonia Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (5 март, 2011) - Дури и повеќе загрижувачко од продолжувањето со учество на секоја македонска влада во бесмислените преговори за името е најновото писмо од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски до Генералниот секретар на Обединетите нации кое гласи: "Во текот на овие преговори, Република Македонија прифати голем број на предлози предложени од г-динот Нимиц како основа за решение, вклучувајќи го и предлогот од март 2008 година за "Република Македонија (Скопје)", кој за жал, Грчката Република го одби."

Ако било која македонска влада се одлучи да го смени македонското име, таа во историјата ќе остане запишана како предавник на Македонскиот народ.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одамна е тргнат по тој пат, со неговите постојани повици за менување на името за влез во ЕУ и НАТО и ги користи про-опозициските медиумите за да всади страв меѓу македонскиот народ, дека без членство во евро-атланските организации и се заканува колапс на Македонија.

Иронично, Црвенковски го критикува ВМРО-ДПМНЕ за начинот на водење на преговорите за името, но тој беше Претседател на Македонија кога беа прифатени предлозите на Нимиц. Тој беше Премиер кога владејачката СДСМ ја прифати смешната референца ФИРОМ и го смени македонското знаме. Бранко Црвенковски не е во состојба да критикува никого кога се работи за македонските национални интереси.

Ако последното писмо до ОН е обид да се смири Западниот притисок врз Македонија за пронаоѓање "решение", тогаш тоа може да биде застрашувачки. Со учеството во преговорите за името, Македонија ги легимитираше смешните тврдења на Грција и покажа волја за промена на името.

Грција ја користи стандардната тактика "нападот е најдобра одбрана", македонците треба да ја користат истата стратегија, особено што Македонија има посебна предност-вистината.

Македонија треба на светот јасно да му каже дека Грција, која сега иронично тврди "Македонија е грчка", кога во 1988 година увиде дека независноста на Македонија е неизбежна, таа го преименува северниот дел на Грција во Македонија.

Наместо жестоко го брани македонското име и идентитет, македонската влада, во писмото до ОН, покајнички го објаснува на градењето на македонските историски статуи во контекст на Времената спогодба од 1995 година. Колку други земји би побарале дозвола за да ја слават нивната историја?

Како одговор на грчкото тврдење дека постои повреда од страна на Република Македонија "...на членот 7 од Привремената спогодба во форма на повеќекратно претставување на истакнати грчки историски фигури од античка Македонија, како што се сонцето Вергина ... врз основа настатуите со лавови на мостот "Гоце Делчев" во Скопје", Владата дури и "гордо" изјавува ... "дека симболот кој порано се наоѓаше националното знаме на Република Македонија... е отстранет од статуите на мостот".

Немаше ентитет познат како Грција во времето на античка Македонија. Грција е создадена од страна на Големите сили од Европа во 1830, но сепак таа има смелост да ја диктира денешната политика врз основа на произволна интерпретација на античката историја.

Според поранешниот Државен Секретар на САД, Лоренс Иглбургер, "Грчкото тврдат дека Македон или Македонија, како и Александар Македонски се нивни. Ова е лажно тврдење и крајно време е некој тоа да го каже." - додаде тој, "Грчкото тврдење околу Македонија се основа на историски неточни информации и следователно не се базирани на факти."

Македонија мора да го посочи извртувањето на античката историја од страна на Грција со намера да го одвлече вниманието од сегашната ситуација. 131 земја ја признаа Македонија, вклучувајќи четири од петте постојани членки на Советот за Безбедност на ОН.

Како што беше кажано во нашата кампања "Нашето Име е Македонија", "НИЕ ПОБЕДУВАМЕ. ЈА ИМАМЕ СИЛАТА ДА ГО ОКОНЧАМЕ ОВА. ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА НАШЕТО ИМЕ".

МХРМИ и АМХРЦ побараа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да даде ветување дека никогаш нема да го смени името и веднаш да ги заврши преговорите за името. Во нивните понатамошни барања се Македонија да го врати старото шестнаесеткрако знаме и да ја отфрли референцата ФИРОМ.

Молчењето не е опција. Нашето име е Македонија.

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја
www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на macedonian_rights@hotmail.com или преку +61 3 93298960.