Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Пресудата од Хаг ја зацврсти потребата за Македонија да ги прекине срамните преговори за името
Мелбурн (Австралија), Торонто (Канада) и Скопје (Македонија)
Иако не беше неопходен нов поттик за да се прекинат преговорите за своето име, сепак со 15-1 гласови, Меѓународниот правен суд во Хаг денес изгласа пресуда дека Грција ја прекршила Времената спогодба која под покровителство на Обединетите нации беше склучена во 1995 година со договор меѓу Македонија и Грција, со ставањето вето на влез на Република Македонија во НАТО, во април 2008 година.
По грчкото вето во ноември 2008 година, Македонија поднесе тужба до Хашкиот суд тврдејќи дека Грција ги прекршила условите од договорот меѓу двете земји во 1995 година. Според тој договор, Грција се обврза дека нема да го блокира влезот на Македонија во меѓународните организации под т.н. "привремената референца" Поранешна Југословенска Република Македонија.
Грција го наметна бесмислениот "спор за името" со намера да го одвлече вниманието од својата политика на непризнавање и прогонување на големото македонско малцинство во својата држава.
Иронијата да биде уште поголемо, проблемот не постоеше се' до 1988 година кога Грција се соочи со прогласување на независност на Република Македонија, па регионот "Северна Грција" го преименува во "Македонија". Пред тоа, кај Грците важеше убедувањето дека Македонија не постои.
И покрај интензивната пропагандна кампања на Грција, повеќе од 130 земји (над две третини од сите членки на ОН, вклучувајќи и четири на петте постојани членки на Советот за безбедност во ООН) ја имаат признаено Република Македонија под уставно име.
Иако денешната одлука од многумина ќе биде сфатена како победа за Македонија, Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) и Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) ги повикуваат Македонците одлуката да ја набљудуваат од подруга перспектива. Иако пресудата потврдува дека на Грција не може да и' се верува дека ќе се придржува до меѓународните договори, тоа не гарантира признавање на името на Република на Македонија, ниту пак става крај на срамните "дискусии" за името меѓу Македонија и јужниот сосед. Од тие причини, честитките за денешната одлука на Хашкиот суд не значат ништо друго, туку поддршка за континуираната употреба на понижувачката и расистичка "БЈРМ" референца и прифаќање на деструктивната Времена спогодба од 1995 година.
АМКЧП и ММДЧП долго време бараат од македонската влада да ги прекине "преговорите за името" со Грција, а денешната пресуда од Хашкиот суд очигледно ја зајакнува потребата од таков чекор. Овие "преговори" се расистички и спротивни на концептот на човековите права и навистина и воопшто на духот на Повелбата на ОН.
Истовремено, ММДЧП и АМКЧП бараат од Македонците од целиот свет да продолжат со поддршка на кампањата Нашето име е Македонија, со која се бара Македонија веднаш да ги прекине сите преговори за името.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи уште од 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, facebook.com/AMHRC, email info@macedonianhr.org.au или на +61 3 9329 8960.