Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
АМКЧП и ММДЧП им честитаат на ЕСА-Виножито за отворањето на канцеларија во Воден
Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите
Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП), му го честитаат на ЕСА-Виножито - политичка партија која се бори за човековите права на етничките Македонци во Грција - денот на отворањето на канцеларија на главната улица во градот Едеса / Воден во Северна Грција.
На свеченото отворање присуствуваа лидерите на Воденскиот комитет од Виножито. На балконот од канцеларијата беше поставен двојазичен натпис (на грчки и на македонски) со зборовите "Комитет на ЕСА - Виножито во Воден".
Одлуката да се отвори канцеларија во Едеса / Воден била поттикната od се' почестите барања за подршка на централата на Виножито од страна на членовите на локалните комитети на партијата. Притоа, Централниот совет на Виножито изразува надеж дека оваа акција ќе предизвика грчката влада конечно да прекине да го негира постоењето на македонското малцинство во Грција и да започне процес на помирување.
Канцеларијата во Едеса / Воден е втора канцеларија на ЕСА-Виножито во Северна Грција. АМКЧП и ММДЧП се надеваат дека нема да се повторат настаните кои што се случија при отворањето на првата канцеларија на Виножито. Првата канцеларија беше отворена на 6 септември 1995 година во градот Флорина / Лерин. Истата вечер во канцеларијата беше провалено и претурено, а двојазичната табла " Комитет на ЕСА - Виножито во Лерин" беше украдена.
Таблата беше заменета, меѓутоа на 12 септември 1995 година свештениците од регионот на Флорина / Лерин го повикаа народот да земе учество во "демонстрациите во знак на протест против непријателите на Грција, кои самоволно поставиле натпис со антигрчка содржина." Со објавата беше барано и депортирање на оние кои што се одговорни за тој настан. Веќе следниот ден, канцеларијата во Лерин беше нападната од страна на голем број на луѓе, вклучувајќи го и градоначалникот на Флорина / Лерин.
По насилното влегување во канцеларијата, луѓето внатре беа малтретирани, а таблата со знак на Виножито беше одземена. Во текот на ноќта, целата опрема и мебелот од просториите беа исфрлени преку прозорецот и потоа запалени. Набргу потоа, против четворица членови на Виножито беше покренато обвинение за "поттикнување и предизвикување меѓусебна омраза меѓу граѓаните", според член 192 од Грчкиот кривичниот законик. Обвиненијата беа повлечени само заради меѓународниот притисок кој што следуваше по тој настан.
Овој чин на нетолеранција се затвори во 2005 година, кога Европскиот суд за човекови права пресуди дека грчката влада ја прекршила Европската конвенција за човекови права со тоа што на членовите на партијата им ја ограничил слободата на здружување (Член 11) и поради неразрешување на спорот во разумен рок (член 6). На грчката влада и' беше наложено да и' плати на ЕФА Виножито паричен надоместок во износ од 35.000 €. Тоа претставуваше голема победа на демократијата, а двојазичната табла на Виножито Vinozhito мулти-јазичниот знак стана постојан и прифатен дел од животот во Флорина / Лерин.
Сите оние кои што се заинтересирани да ги подржат смелите напори на Виножито да го поразат етноцентричниот фанатизам, ги молиме да ги контактираат ММДЧП на АМКЧП преку контакт информациите кои што се долу наведени.
Погледнете ги фотографиите и Соопштението за медиуми на Виножито, за овој настан:
http://www.florina.org/news/2009/november15_m.asp
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.
Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.