Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Акција: Протест на ММДЧП и АМКЧП до Асошиејтид Прес заради употреба на терминот "Македонски Словени"

Skopje Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - ММДЧП и АМКЧП ги повикуваат Македонците од целиот свет да го изразат своето незадоволство до Асошиејтид Прес. Ве молиме да ги испратите вашите писма до
info@ap.org со копии до info@mhrmi.org и mail@macedonianhr.org.au.

Одговор на ММДЧП и АМКЧП до Асошиејтид Прес

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - Добриот напад е најдобра одбрана. Пристрасните новинари на Асошиејтид Прес, Константин Тесторидес и Елена Бекаторос ја искористија ваквата стратегија во нивната статија од 8 јуни, со наслов "Статуата на Александар Велики ги раздвижува балканските страсти".

Тесторидес и Бекаторос ги будат грчките расистички стереотипи за Македонците, обвинувајќи ја Република Македонија за истите тактики кои што се користени и од Грција.

И што е многу интересно, статијата започнува со зборовите: "Како за една нација во изградба, последните напори на Македонија се прилично смели...". Со изградба на статуа на Александар Велики?

Уште од своето оснивање како држава во 1930 година, Грција "маестрално" ја градеше својата "нација", со грубо и насилничко асимилирање и мешање на етничките групи и со прилепување до античкиот Хеленизам со кој што инаку немаат никаква поврзаност. И уште се осмелуваат да кажат дека нивната нација е етнички чиста. Прилично опасна идеја, може да се рече. Особено за обесправените малцинства во нивната земја.

Според Тесторидес и Бекаторос се добива впечаток дека со градењето на споменик на Александар Велики како да и' се објавува војна на Грција. Тензиите меѓу двете нации се резултат на грчкото одбивање да ги прифати постоењето на етничките Македонци и уставното име на Република Македонија.

Поради спорот со името, Грција не дозволи влез на Македонија во НАТО во 2008 година, нејзиното економско ембарго ја осакати македонската економија во 1992 година, а Грција го прогонува своето македонско малцинство и покрај пресудите од Европскиот суд за човекови права и критиките од Обединетите Нации и меѓународната заедница. Иако реакцијата на Европската Унија во поглед на изградбата на статуата е дека "не помага во изнаоѓање на решение на проблемот".

Употребени се мноштво ирелевантни аргументи со надеж дека ќе ги убедат читателите дека подигањето на статуата ќе има катастрофални последици.

И како капак на се', Тесторидес и Бекаторос ги ословуваат Македонците како "Македонски Словени". Таа стратегија се користи од страна на Грција со цел да се негира етничкиот карактер на Македонците. Не постои етничка група во Македонија која што се нарекува "Словени". Македонската популација во Република Македонија, на Балканот и во целиот свет, едноставно се Македонци. Секој друг термин што се употребува е навредлив и му оди во прилог на официјалниот грчки став на непризнавање на македонската нација и неприфаќање на постоењето на нејзиното огромно македонско малцинство.

Се надеваме дека Асошиејтид Прес нема во иднина да ја повтори истата грешка.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.