Macedonian Human Rights Movement International
Македонци емигранти во САД од 19 век

Првите декларирани етнички Македонци емигрирале во Америка на крајот на 19 век покажуваат американски архивски документи. Овие историски факти даваат одговор на грчката, бугарската и други пропаганди дека не постои македонска нација и оти е творба на Тито по Втората светска војна.
Нецелосната листа што поименично наведува 7,821 етнички Македонци, емигранти во Америка во периодот меѓу 1897 и 1924 година, ја објави денеска партијата на македонското малцинство во Грција "Виножито”, под наслов "Членовите на една "непостоечка” нација со име и презиме ... (кога Тито беше дете...)”.

Податоците за оваа емигрантска листа се од архивата на музејот во Елис Ајланд, островче во Њујорк каде бил сместен прифатниот центар за емигрантите кои пристигнувале во Америка во почетокот на 20 век.
"Бројот на лица кои се декларирале како Македонци кога емигрирале во Америка може да е поголем ако се земе предвид бројот на комбинации за пребарување на архивата", изјави за Макфакс претседателот на "Виножито" Павле Воскопулос.
Емигрантите од Македонија во одговорите што ги давале во графата за етничка припадност се изјаснувале дека припаѓаат на македонска националност (ethnicity Macedonian), различна од бугарска (Bulgarian), српската (Serbian) и грчката (Greek).

Првиот случај на емигрант што во САД се декларирал како етнички Македонец е од 1897 г. Тоа е Olia Tanso од Monaster (Битола).
Воскопулос додава дека околу две до три години имале информација за ваква "листа на емигранти", а точните бројки почнале да ги добиваат по истражување преку "машината за пребарување" во архивата на Музејот на Елис Ајланд.
"Ми се јави еден етнички Грк, математичар, и ми рече дека обработил алгоритам за тоа како и на кој начин може да добиеме комплетен број на имиња кои се декларирале како Македонци. Најверојатно, станува збор за повеќе од осум илјади имигранти", додава Воскопулос.

Треба да се одбележи дека во оригиналната емиграциона листа често пати има граматички грешки во однос на името и родното место на емигрантите - најверојатно заради тешкотиите на американските емиграциони службеници да ги запишат коректно и како што треба подаоците бидејќи не го познавале јазикот на емигрантите ниту ги знаеле топонимите.
Во 1899 г. следат уште осум емигранти Miton Risto (23), Anesty Trayem 26, Duno Stoyan (29), Vasil Stoyan (36) и Philip Terptsche (33) од Biton (?) и Dimitri Carafil (23), Papa Lazor Nicola (25) и Anton Bogoi (29) од Monastiz (Битола).

Во 1900 г. емигрираат: Vasil Vaun (19), Risto Vaun (27) и Athamas Traithe (40) од Monastir (Битола).
Претставникот на "Виножито" наведува дека за ова ја информирале речиси целата грчка јавност, влада, пратеници, медиуми, како и гласилата во Македонија.
Воскопулос открива дека постојат и други историски факти за постоење на македонскиот етникум.
"Македонскиот комитет решил да печати македонската граматика земајќи го како основа дијалектот од битолскиот регион на која би работеле седум лингвисти а што било пренесено во Виена", вели тој посочувајќи го 8 јули 1905 година кога весниците "Емпрос", "Скрип" објавиле таква вест.

Кликни овде за списокот на македонски емигранти во САД од 1897 до 1924