Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП го одбележа Денот на човекови права на Обединетите нации

Human Rights Day Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - ММДЧП ja одбележа 60-годишницата од усвојувањето на универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (УДЧП), од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември 1948 година. УДЧП е основа на меѓународните закони за човекови права и претставува израз за човековите права дека на сите луѓе тие права природно им припаѓаат, и како индивидуи и како членови на заедници.

ММДЧП ги повикува Грција и Бугарија да ги применува стандардите на УДЧП, и да го признаат македонското малцинство, заедно со сите останати етнички, јазични, верски и други малцинства во нивните граници. И шеесет години по усвојувањето на УДЧП, етинчките македонци сеуште ги немаат најелементарните права, како што се правото на изразување на сопствениот идентитет, користењето на мајчиниот македонски јазик во училиштата и црквите, како и правото на мирно собирање и здружување.

ММДЧП бара и од Албанија да го признае своето македонско малцинство на целата држава, а не само во регионот Мала Преспа, и веднаш да воведе настава на македонски јазик во јавниот школски систем за сите етнички македонски ученици.

Исто така, ММДЧП бара од Република Македонија да ги прекине сите преговори со Грција за т.н. "прашање за името" и бара неодложно меѓународно признавање на македонското уставно име.

"Слободата на изразување е најважното човечко право, а тоа право долго време им е одземено на македонските луѓе. ММДЧП бара од меѓународната заедница да ги применува стандардите кои што произлегуваат од УДЧП и да им ги овозможат овие права на Македонци, каде и да живеат", изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.