Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ОМД и ММДЧП се сретнаа со амбасадорот Нимиц по повод последните настани поврзани со прашањето за името

ОМД и ММДЧП се сретнаа со амбасадорот Нимиц Обединета македонска дијаспора и Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Њујорк, 8 ноември 2007 - Претседателот на Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон, Методија А. Колоски, потпретседателот Александар Митрески и секретарот на Македонско меѓународно движење за човекови права со седиште во Торонто, Марк Опашинов, остварија средба со специјалниот претставник на Обединетите Нации, амбасадорот Метју Нимиц и разговараа за последните настани поврзани со спорот за името меѓу Грција и Република Македонија.

Обединетата македонска дијаспора и Македонското меѓународно движење за човекови права останаа на своите позиции во врска со спорот за името, наведувајќи дека Република Македонија беше федерално основана во рамките на Југославија од 1944 година и дека своите односи со Грција ги градеше уште пред прогласувањето на независноста во 1991 година. Дури во 1988 година, кога Грција заклучи дека независноста станува изгледна, "Северна Грција" беше преименувана во "Провинција Македонија". Грција продолжи со кампањата на непризнавање и прогонување на нејзиното бројно македонско малцинство и било кое друго предложено име освен Република Македонија би се вклопило со грчката официјална политика.

Република Македонија ни де јуре ни де факто не претставува закана за нејзините соседи. Напротив, постапките на Република Македонија се дијаметрално спротивни на грчкиот непопустлив став, кој наместо да промовира стабилност, предизвикува нестабилност и раздор на Балканот. Едностраното воведување на ембарго против Република Македонија во 1992 година беше најбезобѕирен обид да се оневозможи опстанокот на државата. ОМД и ММДЧП се длабоко загрижени за стабилноста на владеењето во Република Македонија и за стабилноста на целиот балкански регион, доколку грчките закани за вето на кандидатурата на Македонија во НАТО го спречат нејзиниот влез во НАТО алијансата.

ОМД и ММДЧП му изразија незадоволство на амбасадорот Нимиц и за неодамнешните иредентистички изјави на митрополитот епископ солунски Антимос од Грчката православна црква. Повикот за поделба на уште две балкански држави (Република Македонија и Бугарија) од лидер на Грчката православна црква е едноставно неприфатлива и е спротивна на грчката декларација за "почитување на заемниот суверенитет и меѓународно признаените државни граници", под условите од Привремената спогодба меѓу Грција и Република Македонија, потпишана во 1995 година.

ОМД и ММДЧП потенцираа дека, во согласност со релевантните меѓународни норми, Република Македонија, како и било која друга земја, има право на самоопределување. Едно од најосновните примери за тоа е правото на свој идентитет и име. Ниедна држава нема право да именува друга. Обединетите Нации треба да го следат примерот на преку 120 држави од целиот свет кои што ја имаат признаено Македонјија под нејзиното уставно име.

###

Обединетата македонска дијаспора е формирана во 2004 година и е меѓународна, невладина и непартиска организација која се грижи за интересите и потребите на Македонците и македонските заедници во светот. За повеќе информации, ве молиме контактирајте ја ОМД на 202-294-3400 или info@umdiaspora.org.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.