Предлог резолуција во Советот на Европа за статусот на македонското етничко малцинство во Грција
На 17 Април, во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше поднесен предлог за резолуција кој се однесува на статусот на македонското етничко малцинство во Грција.
Предлогот беше потпишан од страна на петнаесет пратеници во Советот на Европа по иницијатива на делегација од партијата Виножито која зеде учество на Генералното собрание кое се одржа овие денови во Стразбур.
Партијата Виножито го изготви предлогот за резолуција во соработка со Европската слободна алијанса - Европска политичка партија (ЕСА-ЕПП) и Федералната унија на европските националности (ФУЕН), партии чија рамноправна членка е и Виножито.
Канцеларија за печат
http://assembly.coe.int/Main.asp?link=/Documents/WorkingDocs