Macedonian Human Rights Movement International
Репорт
ОБСЕ - Слобода на здружување - Излагање на претставникот на Домот на македонската култура

Благодарам Г-дин Модератор

Денес би сакал да го привлечам вашето внимание на еден случај во кој Грција одбива да го почитува правото на слобода на здружување. Всушност
случајот се однесува на нашата организација, Домот на македонската култура, кој останува и понатаму нерегистрирана поради причини кои накратко ќе ги наведам.

Во 1990 година, група грчки граѓани одлучија да формираат непрофитабилна организација наречена "Дом на македонската култура” во градот Лерин/Флорина. Групата продолжи со регистрација на клубот пред леринскиот Првостепен суд. Судот ја одби молбата со образложение дека целта на асоцијацијата е да ја промовира идејата дека "...постои македонско малцинство во Грција, која е во спротивност на националните интереси, а спрема тоа во спротивност и со законот”. Следеше жалба до Апелациониот суд во Солун која исто така беше одбиена. Во 1994 година врховниот суд во Грција ја подржа одлуката на Апелациониот суд. Тужителите тогаш го поднесоа случајот пред Европскиот суд за човекови права. Во 1998 година судот донесе одлука дека има кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права.

По стразбурската пресуда, тужителите се обидоа уште еднаш да го регистрираат здружението. Сепак следните неколку години во Лерин не можеше да се најде адвокат кој што сака да го преземе случајот. По интервенцијата на грчкиот обдусман до локалната адвокатска комора е именуван адвокат од истата за да ја подкрепи молбата за регистрација. Но не беше се така едноставно. На 12 Декември 2003 година општинскиот суд во Лерин повторно одби да го регистрира здружението. Тогаш случајот беше ставен пред регионалниот суд кој еве, пред три недели донесе решение да ја подржи одлуката на Леринскиот суд, повторно игнорирајќи ја одлуката на судот во Стразбур. Со тоа се случува за жал, 8 години по пресудата на судот во Стразбур и 16 години по првичната барање, нашата организација, Домот на македонската култура, да остане и понатаму нерегистиран.

Ова поттикнува сериозни прашања на кои грчката делегација би требало да одговори. По пресудата во Стразбур, зошто грчката влада не презеде одредени мерки за да ја имплементира одлуката на судот и да го овозможи регистрирањето на Домот на македонската култура? Оправдувањето може да се бара во тоа дека грчкиот правосуден систем е независен, но сепак во ситуација каде националниот суд одбива да имплементира одлука на Европскиот суд за човекови права, државата има обврска да преземе мерки за да го гарантира извршувањето на пресудата. Зошто грчката влада не го сторила тоа до сега? Дали Грција смета дека извршувањето на судските одлуки треба да биде изборно?

И на крај, што може да се каже за обврските на Грција кон ОБСЕ и за нерегистрирањето на Домот на македонската култура? Правото на здружување е загарантирано во параграфот 10.3 од Копенхашкиот документ, со тој акт особено се загарантирани правата на малцинствата, кое секако ги вклучуваат и правата на членовите на македонското малцинство во Грција да формираат културни здруженија кои се цитирани во параграф 32.6 од истиот документ. Дали исто така Грција го смета имплементирањето на стандардите на ОБСЕ за алтернативна работа?

Ви благодарам на вниманието