Macedonian Human Rights Movement International
Репорт
Основни слободи II - Излагање на грчката делегација

1. Би сакал да предочам на некои неодамнешни случувања во врска со заштитата на слободата на религијата во мојата земја:

Усвоен е закон за кремирање на починатите;
Предлог законот во кој се велеше дека локалниот епископ треба да даде мислење, иако незадолжително, за дозвола за градење и раководење со неправославен објект беше поништен;

Светиот синод на Православната црква на Грција неодамна ја објави одлуката да го отстапи правото за употреба на земјиштето кај местото Шистос близу до Атина, на соодветната општина, со цел за основање на муслимански гробишта; Новиот имиграционен закон овозможува одобрување на дозвола за престој на припадници на сите можни религии, чија конкретна национална пропадност се однесува на трети држави;

Неодамна пред Парламентот е презентиран нацрт закон за конструкција на џамија во центарот на Атина, финансирана од страна на државата. Џамијата ќе се гради на парцела која ќе ја отстапи државата. Ќе биде раководена од страна на Менаџмент во кој претставниците на муслиманското население во Атина и регионот на Атика ќе земат конкретно учество.

2. Врз основа на членот 3 од Уставот, "доминантната религија во Грција е онаа на Источната православна црква на Исус". Треба да се нагласи дека споменатата одредба нема намера да ја стави во функција Православната црква како официјална државна црква; овој член ја опишува религијата на Православната црква како "доминантна" религија, што значи дека претставува религија на мнозинството од грчкиот народ. Со други зборови, одредбата констатира признание од страна на државата за основната улога што Православната црква ја одиграла, и продолжува да ја игра во историскиот и културниот живот на грчката нација. Сепак на никој начин не се обидува да стави до знаење дека Уставот гарантира хегемонистичка улога на Православната црква, ниту пак дека оправдува каква и да било дискриминација кон други религиозни групи.

3. Муслиманите во Тракија си ги извршуваат нивните религиозни должности и ги запазуваат нивните традиции без никакви ограничувања. Постојат повеќе од 300 муслимански верски храмови, во кои служат околу 400 муслимански свештеници. Џамиите се добро чувани од Вакифските комитети и се заштитени од страна на државата, која што кога е потребно учествува и со финансиска подршка.

Муфтиите, духовните водачи на муслиманската заедница, низ целиот свет како и во самата Турција, се назначуваат а не се избираат. Во Грција, назначувањето на муфтиите е ефектуирано низ транспарентна процедура во која се консултираат еминенти припадници на малцинството. Уште една причина за директно назначување на муфтиите од страна на администрацијата е таа дека тие извршуваат, во согласност со исламските обичаи, одредени правосудни и административни функции, кога станува збор за семејното или наследно право.