

Меѓународната заедница има обврска да ја брани Македонија и Македонците
Меѓународните договори за човекови права, наведени подолу, бараат од земјите потписнички веднаш да застанат во одбрана на Македонија и на Македонците - особено против бруталното кршење на човековите права кое го врши режимот на Заев, експоненцијалниот раст на злосторства од омраза против Македонците низ Балканот, и главниот поттикнувач на кршењето на нашите човекови права - шокантното принудно преименување на Македонија наложено од Западот.
Земји кои многу гласно тврдат дека ги почитуваат меѓународните договори за човекови права (пред се членките на НАТО и ЕУ) во исто време најбрутално ги кршат човековите права за да издејствуваат промена на македонското име, идентитет и историја - се со цел да ги задоволат барањата на неколку земји членки и да ги реализираат своите искривоколчени надворено-политички цели. Јавна цел на Грција и Бугарија е да го прикријат постоењето и нивниот прогон на Македонците кои живеат во тие две земји, и да го избришат македонскиот етнички идентитет. А другите земји - членки на НАТО и ЕУ не само што целосно ги поддржуваат во нивната цел, туку и отворено се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и помогнаа да се извршат најбруталните кршења на човековите права на Македонците.
Меѓу овие кршења на човековите права се: апсење на дисиденти; напади со полициски специјалци врз мирни демонстранти; бркање од работа (од јавниот и од приватниот сектор) на илјадници Македонци; гаснење на медиуими и изрекување затворски казни за новинари; блокирање на пристап до социјалните медиуми како за граѓани така и за медиуми; забранување и криминализирање на употребата на зборот „Македонија“; вршење истраги и заплашување на македонски граѓани, со физички и напади и подметнување пожари; незаконското долготрајно апсење на македонски политички затвореници кои се држат во ужасни услови.
Првото отворено кршење на обврските на меѓународната заедница се случи во самите Обединети Нации - таму, со принудното менување на името на Македонија, беа прекршени два основни принципи:
- Член 2 (1) - Организацијата е заснована на принципот на суверена рамноправност на сите нејзини Членки, и
- Член 2 (7) - Ништо содржавно во оваа Повелба нема да им даде овластување на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои се целосно дел од домашна надлежност на било која држава, ниту пак ќе се користи за Членките да потчинат вакви прашања на преговори под оваа Повелба.
„Суверена“ и „рамноправна“ членка има право на своето име, идентитет и историја. Ништо не им дава право на Обединетите Нации да се мешаат во внатрешните работи на било која држава. Законски и морално, Обединетите Нации немаа право да наложат, а не пак да бараат, промена на името, идентитетот и историјата на Македонија и на македонскиот народ. Но сепак Обединетите Нации го поттикнаа кршењето на човековите права кое го наведов погоре, како и засиленото кршење на човековите права и злосторствата од омраза кои се вршат врз Македонците во Бугарија и Грција.
Конкретно, принудното редефинирање на се што е македонско им даде одврзани раце на Грција и Бугарија да ги спроведуваат своите политики на бришење на постоењето на македонскиот етнички идентитет и да ги засилат нападите врз Македонците - вклучително и испраќањето на неонацисти од страна на грчката Влада да напаѓаат Македонци, како и акциите на бугарската тајна полиција која апси и им се заканува на Македонците, целосното бришење на било каков израз на македонските етнички идентитет од страна на државните институции, постојаното одбивање да се дозволи регистрирање на македонски здруженија (за што сега како причина се наведува и принудното менување на името), секојдневните, постојани напади од новинари и политичари, кои ги прогласуваат Македонците за „нелуѓе“, кои треба „да се стрелаат на улица“ (што поттикнува зголемено непријателство и насилство врз Македонците) и радосните најави од грчки и бугарски политичари дека Македонците веќе не смеат да ги користат имињата „Македонија“ и „Македонци“.
Еве некои од многуте конвенции за заштита на човековите права кои ги повикуваат потписничките веднаш да застанат во одбрна на Македонците. Дел од нив се:
Универзалната декларација за човекови права
„Сите луѓе се родени слободни и еднакви во нивното достоинство и права, и сите имаат право на целосните права и слободи наведени тука, без никакви ограничувања, особено не во зависност од расата, бојата на кожата или националната припадност“.
Меѓународната конвенција за елиминирање на сите видови расна дискриминација
„Ги сметаме сите човечки суштества за еднакви пред законот и дека сите имаат право на еднаква заштита според законите, без дискриминација или било какво поттикување на дискриминација“
Член 4 - „Државите потписнички ги осудуваат сите видови пропаганда и сите организации кои се засновани врз теориите на супериорност на една раса над другите или на една група лица од една боја или национално потекло над другите, или кои се обидуваат да ја оправдаат или поттикнат расната омраза и дискриминацијата во било која форма, и ќе презмеме итни и позитивни мерки насочени за бришење на секој вид поттикнување или секој акт на дискриминација“.
Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства
Советот на Европа ја истакнува РКЗНМ како „првиот законски обврзувачки мултилатерален инструмент посветен на заштитата на националните малцинства низ светот“.
Член 4 - „Страните се обврзуваат да ја гарантираат еднаквоста пред законот и еднаквоста заштита на законот на лицата кои припаѓаат на националните малцинства. Во оваа насока, било која дискриминација заснована врз припадноста на национално малцинство ќе биде забранета“.
Член 5 - „Земјите потписнички се обврзуваат да ги промовираат условите кои се неопходни лицата припадници на националните малцинства да можат да ја одржуваат и развиваат својата култура, да ги зачуваат основните елементи на нивниот идентитет, особено нивната религија, јазик, традиции и културолошко наследство“.
Меѓународната конвенција за граѓански и политички права
Дел 1, член 1 - „Сите луѓе имаат право на само-определување. Врз основа на ова право, тие можат слободно да го определат својот политички статус и слободно да се посветат на својот економски, општествен и културен развој“.
Дел 2, член 2 - „Секоја страна потписничка на оваа конвенција се обврзува да ги почитува и да им ги обезбеди на сите поединци на нејзината територија и лица кои се потчинети на нејзиното владеење правата кои се признаени со оваа конвенција, без исклучок од било кој вид, дали по раса, боја, пол, јазик, религија, политичка или друга определба, национално и општествено потекло, имотна состојба, статус при раѓање или по друга основа.
Конвенцијата против измачување и друго сурово, нехумано и понижувачко однесување или казнување
Член 16 - „Сите страни потписнички ќе се обврзат дека ќе ги спречат сите други акти на сурово, нехумано или понижувачко однесување или казнување на нивната територија или на територијата која е под нивно владеење, кои не потпаѓаат под измачување согласно членот 1, кога овие акти се вршат од или се поттикнати од или се вршат во согласност и се прифатени од јавни функционери или други лица кои дејствуваат со официјални овластувања. Особено, ова се однесува на обврските содржани во членовите 10, 11, 12 и 13, и ќе се однесува со замена на одредбите за измачување и одредбите за други форми на сурово, нехумано или понижувачко однесување или казнување“.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги повикува сите земји - членки на Обединетите Нации да преземат итни мерки - во согланост со нивните меѓународни обврски - во одбрана на човековите права на Македонците. Дополнително, ММДЧП ги повикува организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите други страни кои се навистина заинтересирани за заштита на човековите права, да побараат одговорност од своите држави и да објават јавни прогласи во одбрана на Македонците.
Ве замолуваме да го известите ММДЧП за сите преземени чекори. Нашите контакт податоци се наведени подолу.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија