ММДЧП се заблагодарува на Европската Слободна Алијанса за нејзината Декларација за поддршка на Македонците во Бугарија и Грција
Европската Слободна Алијанса (ЕФА) продолжува со својата силна поддршка за човековите права на Македонците. На своето Генерало Собрание што се одржа меѓу 14 и 16 октомври 2021 година во Брисел, ЕФА ја објави следната декларација.
ЕФА ја разобличи систематската дискриминација на Македонците во Бугарија и Грција, и ги посочи протоколите на самата Европска Унија во кои се бара да се преземе итно дејство за да се запре ова кршење на човековите права.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и благодари на ЕФА за нејзината неуморна работа во одбраната на човековите права и ги повикува и другите организации и политички партии да усвојат слични декларации и да побараат да се стави крај на дискриминацијата врз Македонците.
Име на личноста која го поднесува предлогот/декларацијата до Генералното Собрание: |
Стојан Димитров, ОМО Илинден - Пирин |
Партии членки: |
ОМО Илинден - Пирин, Виножито |
Наслов (на предлогот/декларацијата): |
За правична политика кон автохтоните Македонци во Бугарија и Грција |
ЕУ треба да ги охрабри Бугарија и Грција го заштитат правото на само-определување и културолошкиот идентитет на своите граѓани со автохтоно македонско потекло.
Европската слободна алијанса повикува: 1.Бугарија и Грција да изнајдат национален консензус за македонското прашање и да ја признаат својата одговорност кон македонското малцинство на нивна територија и со тоа да започнат да водат европска политика за малцинствата, и да им го дадат на Македонците целокупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата. 2.Бугарија и Грција, кои ЕУ ги смета за држави во кои владее правото, да дејствуваат како такви и да применуваат справедлив и недискриминирачки процедурален пристап кон прашањата што се однесуваат на домородните Македонци на нивната територија 3.Бугарија и Грција да се охрабрат да формираат комисија за постојан дијалог со претставници на домородните Македонци со цел да започне процес за давање меѓународно загарантираните права и слободи. 4.Бугарија и Грција да ги променат своите политики кон македонската нација во духот на европските стандарди. Образложение: |
|
Образложението на ова декларација силно се повикува на образложението од Извештајот за минимални стандарди за малцинствата во ЕУ (2018/2036 (ИНИ)) на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, во кој јасно се укажува дека Европската Унија има одговорност за малцинствата и за малцинските политики во земјите членки на Европската Унија. Последните настани во Бугарија и мерките кои се преземаат против невладините организации кои го застапуваат македонското малцинство и се погласните националистички политики и реторика во Бугарија против македонската нација, држава, јазик и култура. |