Macedonian Human Rights Movement International
Macedonians in Aegean Macedonia the region of Macedonia annexed by Greece in 1913
Соопштение за медиумите

ММДЧП го осуди потегот на Грција да ја повлече регистрацијата на македонска културна организација


Еден ден откако ја одобри регистрацијата на Организацијата Крсте Мисирков, Грција нагло ја смени својата одлука и ја поништи регистрацијата, тврдејќи дека имало “проблеми со правниот застапник на организацијата и неговите повеќекратни судири со грчкиот правен систем”. Личноста на која се однесува оваа забелешка е отец Никодим Царкњас, кој е во судир со грчкиот правен систем само поради тоа што Грција смета дека декларирањето за Македонец и барањето основни човекови и малцински права за Македонците е кривично дело.

Не само што Европската Унија им дозволува на своите земји-членки постојано да ги кршат човековите права на своите етнички малцинства (во случајов Грција и Бугарија) туку ЕУ и ги охрабрува и поттикнува да ги кршат правата на македонското малцинство. ЕУ ги поддржа повиците на двете овие земји упатени кон Македонија да се избрише нашето име, идентитет и да се фалсификува нашата историја, се со цел да се задоволат барањата на Грција и Бугарија и нивната јавно и со гордост декларирана цел да негира постоењето на големите македонски малцинства во рамките на нивните граници.

Наместо ирационално да го слави потпишувањето на анти-македонските договори со Грција и Бугарија како “решавање на дипломатски спорови”, ЕУ мора да го осуди натамошното спроведување на овие договори, да ги осуди обете свои членки за брутално кршење на малцинските права и конечно да ги спорведе конвенциите за заштита на правата кои тие упорно ги прекршуваат.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија