Macedonian Human Rights Movement International
Makedonskite organizacii otpochnaa proces protiv Bugarija pred Evropskata Komisija
Соопштение за медиумите

Македонските организации отпочнаа процес против Бугарија пред Европската Комисија


Пријава за кршење на правото на Европската Унија беше поднесена против Република Бугарија денес пред Европската Комисија. Поводот е одбивањето на Бугарија да го регистрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција, со што се кршат неколку основни одредби на правото на ЕУ, директиви, процедури и пракси на Европската Унија.

Ова следи по 14 успешни судски процеси кои македонски организации ги отпочнаа против Бугарија пред Европскиот Суд за Човекови Права, за разни кршења на човековите права и за сузбивање на основното право на граѓаните на здружување во културни, политички и други видови на организации само поради нивната македонска етничка припадност.

Сега, борбата за основните човекови права на Македонците е префрлена врз самата ЕУ, конкретно врз Европската Комисија која доби нови овластувања да ги казнува земјите-членки кои не го почитуваат правото на ЕУ. Комисијата сега има моќ да спроведува пресуди на Европскиот Суд за Човекови Права.

Со пријавата се бара правен лек со цел Република Бугарија да биде натерана да ја регистрира оваа забранета македонска организација (како и други организации) и да се наведе Европската Унија да стави крај на бугарското систематско кршење на правата на Македонците.

Организациите вклучени во овој процес се Нов Асном, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Светскиот Македонски Конгрес Канада и Етничка Толеранција, заедно со Иљо Јанев, Симо Поповски и други поединци. Пријавата е подготвена од адвокатот Благоја Пандовски.


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија