

Заедницата на Македонци од Канада го отфрла илегалниот и наметнат обидза менување на името на Република Македонија
„Владеење на правото, демократските принципи, човековите права и почитување на волјата на народот“ се вредностите според кои западните земји наводно се водат, но сепак тие брутално ги кршат овие вредности со процесот кој и го наметнаа на Република Македонија со цел да го сменат името, идентитетот и историјата на Македонија и на сите Македонци низ светот. Ова се однесува и на деловите на Македонија распарчени во 1913 година и поделени меѓу Србија/Југославија (сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и подоцна
Албанија.
Македонците нема да го толерираат бришењето на една цела етничка група со цел да се реализираат желбите на нашите угнетувачи и да се задоволат целите на западниот империјализам. Ниту една личност која тврди дека ги почитува човековите права не би смеела да го толерира ова.
Оттаму, заедницата на Македонци во Канада реши да:
Во моментот на издавање, потпишани (наведени по азбучен ред):
Андон Лазов Јанев, Ќосето
Баница добротворно здружеnие - (основано во 1911 година, Торонто)
Бесфина добротворно здружеnие
Герман добротворно здружеnие
Друштво Браќа Миладиновци
Здружение на македонските деца-бегалци од егејскиот дел на Македонија
Канадска македонска федерација
Леринско околиско македонско културно здружение во Канада
Македонска младинска мрежа - Мисисага
Македонска младинска мрежа - Торонто
Македонски академски совет
Македонски детски фонд за помош
Македонски социјален клуб Битола, Торонто
Македонското меѓународно движење за човекови права
Македонска православна црква Св. Климент Охридски, Торонто
Македонска Православна Црква Св. Димитрија Солунски, Маркам
Македонскиот православен манастир Св. Илија
Македонска Православна Црква Св. Наум, Хамилтон
Македонска православна црква Св. Недела, Ејџакс
Македонска православна црква Св. Никола, Виндзор
Мариово добротворно здружеnие
Организација Обединети Македонци во Канада
Патриотско Друштво Јане Сандански
Патриотско Друштво Никола Карев
Светски македонски конгрес - Канада
СНС Македониум - Торонто
Ќе ја ажурираме растечката листа, додека македонско-канадските организации продолжуваат да се пријавуваат. Нашето име е Македонија. Ние сме обединети во одбрана на името.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ктивно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.