Macedonian Human Rights Movement International
Search Results Web result with site links  FUEN - Federal Union of European Nationalities

Петгодишно членство на Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)


На денешен ден, пред пет години, Македонското друштво „Илинден“-Тирана, беше примено во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Особена заслуга за нашето членство во ФЕУН има Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помогна Македонското друштво „Илинден“-Тирана да стане рамноправен член во ФУЕН, за што изразуваме благодарност.

Имено, Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во конгресот на ФУЕН што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, во Грција, во организија на Федерацијата на Западно – Тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија Малцинства и Партијата за пријателство, еднаквост, мир.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие пет години на сите конгреси на ФЕУН. Така, бевме присутни и активно партиципиравме во работата на конгрсот во Вроцлав, Полска на 21 мај 2016, потоа во Клуж – Напоча, Романија на 20 мај 2017 година, како и на следниот Леуварден, Холандија, на 23 јуни 2018 година и на последниот конгрес одржан на 15 јуни 2019 година во Братислава, Словачка.

На сите конгреси Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите меѓународни институции кои се поврзани со малциствките проблеми, како и во државните инситуци на Албанија. Колку и дали овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Албанија ќе биде следниот чекор кој ќе го преземеме на следниот конгрес на ФЕУН.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа, активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво „Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до сите членки на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското малцинство во Албанија.

Истовремено испраќаме искрени честитки до членовите, соработниците и симпатизерите на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за петгодишниот јубилеј на членство во највисоката малцинска организација во Европа, со желба и натаму јасно и опстојно да работат на интересот и барањата на Македонците во Албанија. Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во светот. –стои во честитката потпишана од претседателот наМакедонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.