Кажете им на телевизиите кои го пренесуваат Европското Првенство дека ние сме Македонци од Македонија
Посетете ја страницата https://mhrmi.org/act/eurocup за бргу и лесно да испратите порака до телевизиските куќи кои го пренесуваат Европското Првенство и до нивните новинари кои можеби не се добро информирани. Кажете им дека изразите „Северна Македонија“ и „Северномакедонци“ се крајно навредливи за нас и дека сите Македонци го отфрлаат принудното менување на нашето име, идентитет и историја. Кажете им дека ние сме МАКЕДОНЦИ од МАКЕДОНИЈА.
Одете на https://mhrmi.org/act/eurocup веднаш за да ја испратите следната порака:
Изразите „Северна Македонија“ и „Северномакедонци“ се крајно навредливи за Македонците
Добар ден. Ви пишуваме затоа што можеби не знаете дека изразите „Северна Македонија“ и „Северномакедонци“ се крајно навредливи за нас. Ние сме Македонци од Македонија. Било кој друг израз го негира нашето име и нашиот етнички идентитет. Принудното менување на името ни беше наметнато на незаконски начин - и покрај тоа што Македонците со огромно мнозинство го отфрлија на референдум. Режимот на Заев, помогнат од водачите на ЕУ и НАТО, ни го наметнува менувањето на името како нивна политичка одлука, за да ги задоволи своите „стратешки партнери“, Грција и Бугарија. Македонците издржаа векови на угнетување и обиди да се избрише нашето име, идентитет и постоење. Наметнатото име „Северна Македонија“ е уште една тактика за да се постигне оваа цел. Светот не разбра и престана да го користи изразот „БЈРМ“ (Бивша Југословенска Република Македонија) бидејќи и тоа беше крајно навредлив израз и бидејќи Македонците отсекогаш својата татковина си ја нарекуваат Македонија. Ова се однесува и на изразот „Северна Македонија“. Нашето име е Македонија и ние сме Македонци. Бараме од вас да го почитувате нашето право да имаме свое име и свој идентитет. Ви благодариме.