Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Продолжи со работа уште еден македонски весник во Албанија, финансиран од ММДЧП и АМКЧП

Македонски весник ИЛИНДЕН Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права со задоволство известуваат дека, благодарејќи на посветеноста за финансиска помош, весникот на Македонското друштво "Илинден" од Тирана продолжи со печатење и дистрибуција до своите читатели низ Албанија. ММДЧП и АМКЧП ќе овозможат услови за успешно да одекне гласот во борбата за заштита на човековите права на угнетените и репресирани Македонци во Албанија.

Последниот број од весникот:
https://mhrmi.org/media/Ilinden_Br24.pdf

Поврзете се со ММДЧП и АМКЧП на социјалните мрежи за да помогнете да се шират нашите пораки за борба за човековите права за угнетените Македонци. За да донирате за весникот, или за било кој друг значаен проект за човековите права на Македонците, ве повикуваме да дадете свој придонес во Фонд на ММДЧП за човекови права или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства
Нашето време е СЕГА. Вклучете се. Помогнете. Донирајте.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.