
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП го зголемија фондот за финансирање на македонски весници во Бугарија и Грција

"Без помош од ММДЧП и АМКЧП, македонските малцинства на Балканот не би имале пристап до изданијата на својот мајчин јазик. Апелираме до сите Македонци ширум светот да ги поддржат овие непроценливо значајни организации, давајќи со тоа придонес за македонските човекови права", истакна Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО "Илинден" - ПИРИН.
Нашето време е СЕГА. Помогнете. Донирајте. Вклучете се уште денес во акцијата По еден долар на ден за ММДЧП или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.