
ЕУ бара од Бугарија да ја регистрира ОМО "Илинден" - ПИРИН

Комитетот на министри на ЕУ побарал од Бугарија да достави копија на новиот закон за собирање и континуирано да доставува информација за развојот на ситуацијата околу овој закон.
Со втората одлука, Комитетот на министри на ЕУ побарал Бугарија да вложи напори да ја регистрира ОМО Илинден Пирин како политичка партија согласно пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.
Бугарија е известена дека и за ова прашање ќе биде под постојан мониторинг се до новата сесија во декември.
"Тоа е чекор напред, и тоа сериозен чекор напред. Знаејќи ја упорноста на бугарските власти, мислам дека нема да доведе веднаш до регистрација”, изјави претседател на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков, за телевизијата А1.