Грција: Новиот закон за радио дифузија ги ограничува малцинските медиуми, велат набљудувачите на медиумската слобода од ОБСЕ
Грчкиот Хелсиншки Монитор го потенцира предупредувањето на ОБСЕ дека новиот грчки закон за радиодифузија сериозно го ограничува пристапот на малцинствата и како и целата заедница до радио програмата. Исто така, треба да се истакне дека предупредувањето на ОСЦЕ е речиси целосно игнорирано од грчките медиуми.
Новиот закон за радио дифузија ги ограничува малцинските медиуми, велат набљудувачите на медиумската слобода од ОБСЕ
http://osce.org/item/25793.html
Виена, 27 јули, 2007 - Миклош Хараџи, претставникот на ОСЦЕ, одговорен за слободата на медиумите, изрази жалење за новиот закон за радиолиценци во Грција, кој, според него го загрозува плурализмот во медиумите со поставувањето високи стандарди за малцинските, општинските и нискобуџетните медиуми.
"Законот за радиолиценци, кој беше изгласан во грчкиот парламент на 5 јули, а потоа потпишан и од грчкиот шеф на државата Карлос Папуљас, поставува непотребно ригидни услови за да се добие радиолиценца,” вели Хараџи.
За музичките радиостаници условите се да имаат 3 до 5 постојано вработени лица, за новите канали со поголем досег на емитување бројот на вработените е 20, додека минималниот депозит на финансиски средства се движи од 30 до 100 илјади евра. Дополнително, лиценците ќе бидат давани за 24-часовно емитување и основниот јазик на емитување да биде грчкиот јазик.
"Определбите на ОСЦЕ, имајќи ги предвид плурализмот на ставовите, се однесуваат на тоа сите заедници да имаат пристап до протекот на информациите и да можат да придонесат во таа насока. Секоја влада има одговорност да помогне во меѓусебното почитување и вклученост на сите,” додаде Хараџи.