Проблемот на македонското етничко национално малцинство во Северна Грција
Документ бр. 11249 Предлог резолуција, презентирана од Г-дин Јургенс и други
Овој предлог не е разгледуван во Собранието и се однесува само на членовите кои го потишале
1. Подолу потпишаните се длабоко загрижени за постојаното кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција.
2. Грчката држава одбива да го признае постоењето на македонското етнички или лингвистичко малцинство во рамките на нејзините граници. Владините претставници отсекогаш ги исклучувале и понатаму продолжуваат систематски да ги исклучуваат етничките Македонци од политичкиот процес, одбивајќи дури и да остварат комуникација со политичките претставници на малцинството.
3. И покрај постоењето на население кое говори на македонски јазик во Грција, македонскиот јазик не е признат од страна на грчката држава, а со тоа и членовите на соодветното малцинство не го уживаат правото да учат на македонски јазик, во рамките на грчкиот образовен систем.
4. Во 1990 година, група граѓани одлучија да формираат непрофитабилно здружение наречено "Дом на македонската култура" во градот Флорина/Лерин. Сепак грчките судови го отфрлија барањето. После исцрпувањето на сите домашни правни субјекти, случајот беше поднесен пред Европскиот суд за човекови права. Во 1998, судот донесе едногласна одлука дека има кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права (види Сидиропулос против Грција ЕЦТХР 57/1997/841/8107). За жал, скоро десет години по оваа одлука "Домот на македонската култура" останува нерегистриран. Повторните апликации за регистрација на здружението исто така беа одбиени од грчките судови.
5. За време на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) илјадници грчки граѓани ја напуштија Грција. По завршувањето на војната, на сите оние кои ја напуштија Грција во овој период, им беше одземено нивното грчко државјанство и нивниот имот. Во 1982 и 1985, грчката Влада донесе закон со кој ги враќа државјанствата и правото на имотите за оние кои ќе изјават дека се "Грци по род". Со тоа етничките Македонци и сите други намерно беа исклучени од овој закон кој и ден денес е на сила.
6. Предлагаме Правниот комитет да направи извештај за случаите на кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција во кој ќе се даде можност претставници на ова малцинство да сведочат на сослушување.
7. До сега Грција одбиваше да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, како и Европската повелба за малцинските јазици. Сепак долу потпишаните предочуваат дека обврските на Грција не се само оние кои се наоѓаат во различни конвенции на Советот на Европа, чија е и самата членка, туку вклучуваат различни конвенции и одредби на Обединетите нации и одреден број на правни обврски на ОБСЕ.
Потписници:
JURGENS Erik, Netherlands, SOC
ALMASSY Kornel, Hungary, EPP/CD
BOUSAKLA Mimount, Belgium, SOC
CILEVICS Boriss, Latvia, SOC
EKES Jozsef, Hungary, EPP/CD
GROSS Andreas, Switzerland, SOC
HAJIYEV Sabir, Azerbaijan, SOC
KELEMEN Andras, Hungary, EPP/CD
KOZMA Jozsef, Hungary, SOC
LAMBERT, Geert, Belgium, SOC
LINDBLAD, Goran, Sweden, EPP/CD
Lord RUSSELL-JOHNSTON, United Kingdom, ALDE
POPESCU, Ivan, Ukraine, SOC
SZABO, Zoltan, Hungary, SOC
Van den BRANDE Luc, Belgium, EPP/CD
СОЦ: Социјалистичка група
ЕПП/ЦД: Група на Европската народна партија
АЛДЕ: Здружение на либерали и демократи за Европа
ЕДГ: Европска демократска група
УЕЛ: Група на Обединетата европска левица
НР: Нерегистрирани како група